Однесувања по кои ќе разликувате зрела жена од незрела девојка
Оставање на токсичните мажи
Ако претходно бевте со некој кој не ве заслужува, верувајќи дека ќе го промените, притоа жртвувајќи се себеси и своите потреби, откако ќе станете зрела жена, ќе сфатите дека треба да престанете да го правите тоа и ќе научите да се цените себеси.
Растурање на токсични пријателства
Девојките ги толерираат пријателките кои истовремено ги нервираат и се дружат со луѓе кои им се допаѓаат и за кои имаат лошо мислење, но не им го кажуваат тоа.
Зрелите жени пак, отворено зборуваат со оние кои им значат и им ги кажуваат нивните недостатоци, а доколку тоа стане поголем проблем, едноставно не си го трошат времето повеќе за луѓе кои не вредат.
Лесно се извинуваат
Кај незрелите девојки владее тврдоглавоста и суетата, па многу шчесто им е тешко да се извинат и да признаат кога за нешто не се во право. Но, кога ќе созреат, тие почнуваат да сфаќаат за што навистина се виновни, а за што не.
Доколку згрешиле нешто, не им е проблем да се извинат.
Одржување на самоконтрола
Младите и незрели девојки знаат често да избувнат во ситуации кога се бара толеранција, но зрелите жени не си дозволуваат да покажат агресија и имаат трпение и контрола над себе.
Знае што сака
Зрелите жени знаат точно што сакаат и дури и од сон да ги станете и да им побарате да ви кажат 3 животни цели, тие лесно ќе го направат тоа, бидејќи целиот живот го водат според целите кои им се зацртани, независно дали се мали или големи достигнувања.
М. М. | Црнобело