Однесувања по кои ќе разликувате зрела жена од незрела девојка
Да се биде зрел значи да се сака и живее животот без ставање на розови очила кои го разубавуваат светот.
И, кога станува збор за зрелост, не се работи само за годините, туку повеќе за внатрешните чувства и однесување.
Зрелата жена знае како да се цени себеси и останатите, па живее хармоничен живот и не се обидува да биде како некој друг.
Со тек на време сите девојки ќе созреат, но како да знаете да ги разликувате девојките од зрелите жени?
Следниве реакции на ситуации, ќе ви помогнат да ја воочите разликата помеѓу однесувањата на девојките и зрелите жени:
Живеење за своите достигнувања
Ако порано се грижевте за тоа што луѓето ќе кажат за вас, а сега знаете каква облека е соодветна, што да кажете и кога, кога да бидете флексибилни, а кога построги – значи дека сте созреале.
Повеќето работи кои ги правите се затоа што сметате дека така е најдобро за вас, а она што другите го мислат, не ви е важно.
Незаинтересираност за минатото
Ако порано бевте опседнати со поранешното момче и „висевте“ на неговиот профил да видите кога ќе објави слика и со кого излегува, сега сте многу позрела личност. Имате сопствен живот и не се интересирате за тоа што било во минатото.
Не ги следите слепо модните трендови
Порано, можеби сте ги следеле модните трендови и сте трошеле мнгоу пари на нешто што ќе го носите само една сезона, но сега работите се променети. Зрелите жени купуваат квалитетна облека која ним им се допаѓа и ќе можат да ја носат повеќе од еднап.
Сакање на телото
Порано мислевте дека да го сакате телото значи да го прифатите такво какво што е – дебело или слабо, стегнато или не – го сакате какво што е. Но, зрелите жени знаат дека да се сака телото значи да се грижите за него. Правилна исхрана, физичка активност и избегнување на нездрава храна и навики.
Игнорирање на социјалните стереотипи
Претходно, верувавте дека ако го немате најновиот iPhone, давате до знаење дека сте сиромашни, или ако не се омажите до 25, нешто не е во ред со вас.
Тоа се само стереотипи кои општеството ги создава и во кои не мора да верувате. Зрелата жена се чувствува удобно и задоволно со нејзиниот живот и она што неа ѝ е важно и приоритетно, а не тоа што другите го наметнуваат.