Тајланѓанците се прскаат со вода, Јапонците слават цел месец: Како се одбележува Нова година низ светот?
Етиопија
Во Етиопија Нова година се слави на 11 септември, кога завршува дождовната сезона. За време на прославата носат традиционална облека и одат во црква.
Етиопјаните подигнуваат големи огнови од еукалиптус и смрека. На главните плоштади, собраните граѓани ја набљудуваат насоката во која паѓа врвот на огнот, па, таму во наредната година се очекува најобемна жетва.
Израел
Еврејската Нова година се слави во септември или октомври и се служат јаболка со мед, за годината што доаѓа да биде блага.
За време на службата, тие трубат и ова го симболизира предизвикот на божествениот суд и повикување на покајание.
Италија
За Нова година во Италија се исфрлаат непотребните работи од прозорците и се верува дека колку повеќе ѓубре ќе исфрлите толку посреќни ќе бидете во Новата година.
Улиците им се декорирани и има огномети на плоштадите, слават со здравици и бакнежи, слично како и кај нас.
Шкотска
Во Шкотска ноќта помеѓу 31 октомври и 1 ноември се смета за почеток на Новата година.
Се палат свеќи и огнови и се скока меѓу огновите. Тоа е древен ритуал за прочистување.
С. С. | Црнобело