Тајланѓанците се прскаат со вода, Јапонците слават цел месец: Како се одбележува Нова година низ светот?
Од Јапонија до Израел, некои обичаи во светот што се практикуваат за Нова година навистина ќе ве изненадат.
Секоја нација, секоја земја има своја историја и свој начин на славење на празниците. Па, логички таков е случајот и со дочекот на Новата година.
Во Македонија ја одбележуваме со огномет, прослави со играње, руска салата и кифлички, одбројување на полноќ, прегрнување итн.
Но, како се слави во другите држави низ светот?
Кина
Кинеската Нова година е празник на пролетта, одреден од фазите на месечината. И секоја година е посветена на едно од 12-те животни.
Прославата е експлозивно гласна и обоено во црвено за да се избркаат злите духови и да се привлече среќата. Домовите треба да се чисти за сите домашни да се соберат на семејна вечера.
Јапонија
Во Јапонија Нова година се слави според Грегоријанскиот календар и прославата трае речиси цел месец, започнувајќи од 25 декември. Јапонците ги красат домовите со бамбус и смрека, како симбол на просперитетот, благосостојбата и љубовта.
На новогодишната ноќ, секогаш посетуваат храмови и ги молат боговите за среќа и здравје. Си даваат оризови колачи во бела и розова боја.
Тајланд
На Тајланд Нова година се слави на 13-ти април според древниот индиски астролошки календар. Тајланѓаните на будистичките монаси им носат свечени јадења. Статуата на Буда се мие со вода со ливчиња од роза и јасмин.
Тие денови тешко е да се остане сув - луѓето со пиштоли на вода и црева, истураат вода врз минувачите. Тие размачкуваат бела глина, што го симболизира отстранувањето на негативните вибрации акумулирани во текот на годината.
Бурма
Во Бурма Нова година, исто така, се слави во април во денот кога владата ќе одреди од 12 до 17 април.
Колку побучно, толку позабавно. Со кофи и црева тие прават вистинска поплава на улиците, обидувајќи се да ги предизвикаат боговите на дождот.
Индија
Во Индија Нова година се слави неколку пати годишно. Традиционалната индиска Нова година е во март.
Тогаш се одржува фестивалот со бои Холи кога сите се бојат, се пали оган и се оди по јаглен.