Психолошки тајни кои ќе ви помогнат да ги „читате“ луѓето
Триење на рацете
Се верува дека дланките го прикажуваат она што главата го мисли. Триењето на дланките, по правило, покажува дека личноста има позитивни очекувања и се надева на некаков успех.
Ракување со две раце
Ако некој додека се ракува со вас, ја фати вашата дланка од страна и со другата рака, значи дека може да му верувате.
Ракување со дланката одозгора
Ако тој со кој се ракувате ја стави другата дланка над вашата, тоа прикажува емпатија и учество, но само ако го направи гестот веднаш. А, ако го направи откако веќе неколку секунди рацете ви се вкрстени, тогаш само сака да покаже кој е главен.
Ракување со допир на телото
Ако додека се ракувате со некого, тој ви ја стави другата рака на рамо, на грб или на рака, тоа значи дека има потреба од комуникација. Колку е поблиску до вас, толку е поголема потребата.
Местење на кравата
Ова движење зависи од ситуацијата. Ако мажот го направи ова во присуство на убава жена, тогаш веројатно таа му се допаѓа. Но, истиот гест може да значи и дека му е неудобно. Можеби тој излажал или сака да си оди од друштвото во кое моменталнос е наоѓа.
Нозе на маса
Овој гест означува многу работи – лоши манири, непочит и желба да се покаже кој е главен.
Обратно седење на столче
Мнгоу луѓе сакаат ваков начин на седење, што е напорно за оние од страна, бидејќи се забележува агресијата која доаѓа од личноста. Оваа позиција ја бираат доминантните луѓе кои не сакаат да ги гледаат како слабаци.
Играње со чевелот
Вкрстените нозе е една од најатрактивните женски пози, а играњето со чевелот, односно вадење и ставање, значи дека таа е смирена и релаксирана и дека му дава зелено светло на мажот со кој е во друштво.
М. М. | Црнобело