Психолошки тајни кои ќе ви помогнат да ги „читате“ луѓето
Сигурно многупати сте помислиле колку би било добро да можете да ги читате мислите на другите луѓе.
Тоа можеби е невозможно, но може да научите трик за нешто слично – да го читате говорот на телото.
Со однесувањето и говорот на телото, луѓето откриваат многу за себе, како и за моменталната ситуација и чувствата, па доколку се фокусирате на тоа, може да дознаете многу работи за нив.
Мимиките, гестовите и движењето на телото можат целосно да ја откријат маската на луѓето, па ако сакате да го направите тоа, „читајте“ ги следниве сигнали:
Затворање на очните капаци
Ако личноста која ви зборува, ги затвори очните капаци, знајте дека се обидува да сокрие нешто за да се заштити себеси. Ова не значи дека соговорникот се плаши од вас, напротив, не сака да ви го пренесе тоа за да ве заштити и да не ве загрижи.
Покривање на устата со рака
Се сеќавате ли како кога бевте деца ја стававте дланката на уста кога не сакавте да кажете нешто? Истото е и кај возрасните. Неколку прсти, цела дланка или тупаница на устата помага при спречување да се изговорат зборови кои не сакате да ги кажете. Понекогаш овој гест се замаскирува со кашлање.
Грицкање на очилата
Ако видите дека некој пријател ги грицка рачките на очилата, веднаш поддржете го и охрабрете го, бидејќи очигледно е загрижен и има потреба од сигурност. Пенкалото, моливот, прст или цигата, може да имаат исто значење.
Лице потпрено на дланки
По правило, овој гест се користи за привлекување на вниманието на спротивниот пол. Со потпирање на лицето на преклопени дланки, се истакнува лицето и се искажува заинтересираност.
„Галење“ на брадата
Со овој гест, човекот покажува дека е замислен и се обидува да донесе одлука, а во меѓу време не забележува ништо што се случува во околината.
„Отворена поза“
Сите ќе се сложиме дека ова е поотворена поза за разлика од срамежливото стоење или повлеченото вкрстување на раце. Обидувајќи се да му удоволи на мажот, жената почнува да се истакнува во нејзино најдобро светло. Преклопените и спуштени раце пак, се сигнал за внимание и висока заинтересираност.
Навалени нанапред
Кога некој чувствува симпатија за соговорникот и е подготвен да стапи во контакт, обично се наведнува малку кон него. Во овој случај, нозете може да останат во место, но телото ќе се придвижи нанапред.
Навалени наназад
Ако човекот се навали наназад и потпре на столица, дава до знаење дека разговорот му е здодевен. Можеби се чувствува и засрамено во друштво на соговорникот.
Мрдање напред назад со стапалото (прсти-пета)
Ова очигледно не го прават само децата, туку и возрасните, а ова движење покажува дека човекот е многу загрижен.