8 причини зошто треба да престанете да велите „извини“ постојано

Константното извинување прави да изгледате и да се чувствувате виновно и го губи значењето.

8-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-velite-izvini-postojano-01.jpg

За некои луѓе кажувањето „извини“ е огромен чекор затоа што навистина е тешко да се признае дека сте виновни за нешто.

Но, од друга страна пак постојат луѓе кои без разлика дали има потреба постојано го изговараат овој збор.

Претераното извинување е лоша навика и еве зошто треба да престанете да го правите тоа:

Најверојатно немате зошто да се извинувате

Ако ги повредивте чувствата на некој ваш сакан, дефинитивно треба да се извините, но ако се обидувате да го добиете вниманието на келнерот, тогаш нема потреба од извинување затоа што вие сте клиент и нему тоа му е работа.

Се разбира, задолжително е да бидете фини, но нема потреба да се извинувате.

8-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-velite-izvini-postojano-02.jpg

Прави да изгледате слаби

Извинувањето ве става во потчинета ситуација. Со кажувањето „извини“ барате некакво одобрување.

Иако постојат пригоди кога тоа е неопходно, барањето дозвола за зборување или помош не се дел од тие пригоди.

Прави да изгледате виновни

Вие можеби сакате да бидете културни и се извинувате за нешто мало, но тоа може да биде погрешно сфатено.

Па, ако за нешто не се чувствувате виновни, нема потреба да се извинувате.

8-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-velite-izvini-postojano-05.jpg

Носите непотребна вина

Едно е да изгледате виновни во нечии очи, но сосема друго е да изгледате виновни во своите очи.

Па, ако постојано велите „извини“, полека ќе започнете да се чувствувате виновни за што и да е тоа за кое се извинувате. Нема потреба да носите непотребен товар на грбот.

Може да биде иритантно

Дали некогаш сте слушале низа непотребни извинувања? Ако пријател постојано ви се извинува за работи кои не ве навредиле, тоа знае да нервира.

Понекогаш сигурно ви доаѓа да го протресете и да му кажете дека е во ред, само да престане.

8-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-velite-izvini-postojano-03.jpg

Зборот „извини“ го губи значењето

Има простор и време кога треба да се извините. Никој не е совршен, понекогаш грешиме и во ред е да побараме прошка.

Но, ако постојано го правите тоа, тогаш овој збор ќе го изгуби своето значење. Зачувајте го за пригоди кога навистина ќе ви биде потребен.

Поставувате лош пример

Ако сте родител или идол некому, тогаш треба да обрнете внимание на примерот што го поставувате.

Не сакате на пример вашиот син да чувствува дека постојано нешто прави погрешно и да се извинува.

Претераното извинување е навика од која човек тешко се одвикнува, па не внесувајте им ја во глава на идните генерации.

8-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-velite-izvini-postojano-04.jpg

Тишината може да биде злато

Понекогаш сите зборуваме без да размислиме и многу луѓе за да исполнат мигови на непријатна тишина во одредени ситуации кажуваат „извини“, бидејќи не им паѓа ништо друго на ум.

Но, вистината е дека не мора секогаш нешто да кажувате. Тишината може да ви даде можност да рефлектирате и да размислите за тоа што било кажано во разговорот или едноставно да ви донесе мир.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg