Одмор во странство, кондоми: 13 работи што се забранети во Северна Кореја
Кабелска телевизија
Само четири ТВ канали се достапни во земјата. Цензурата од владата е огромна и не дозволува други типови на телевизија.
Странски магазини
Пропагандната машина на Северна Кореја забранува странски медиуми од секој тип. Огромна контрола и мониторинг се врши и на печатените медиуми.
Не постојат магазини за забава, туку само едукативни и политички.
Забрана за интернационални повици и интернет
Од популација од 15 милиони само еден милион луѓе во Северна Кореја поседуваат мобилни телефони. Но, и тие имаат забрана за интернационални повици. Исто така има забрани и при користење на 3G мрежата.
Странците при влегувањето во земјата може да купат специјални картички за да воспостават врска со странство.
Странски музичари
На малку странци им е дозволено да настапуваат во оваа земја, што значи одењето на концерт на омилениот изведувач од Америка или Велика Британија им е невозможна мисија на граѓаните.
Луѓето може да уживаат само во изведбите на локалните музичари.
Модерни технолошки изуми
Строго е забрането продавањето на модерни технолошки изуми, па наместо Apple iPad можете да си го купите таблетот што го произведува Северна Кореја како замена.
Одмори во странство
Луѓето од Северна Кореја не смеат да одат на одмори во странство. Ова е прекршување на човековите права, но тие најверојатно не се свесни за тоа.
С. С. | Црнобело