Одмор во странство, кондоми: 13 работи што се забранети во Северна Кореја
Кондоми, тампони, дизајнерски чевли, странски магазини и новогодишна елка? Заборавете на тоа!
Во светот сè повеќе расте интересот за Северна Кореја. Лидерот Ким Џонг Ум и владата на оваа земја се обидуваат на секој можен начин да ја заштитат нацијата од надворешни влијанија.
Животниот стил на луѓето во Северна Кореја е диктиран од низа забрани:
Западна мода
Фармерките и други видови на облека од Западот се забранети во два региона во Северна Кореја, кои граничат со Кина.
Главниот град Пјонгјанг се обидува да се избори против огромното влијае на западната мода што се прелева преку нивниот голем сосед.
Фризури
Ким Џонг Ун дозволува само 18 фризури за жените и 15 за мажите. Строго е забрането бојадисување на косата.
Хигиенски влошки
Хигиенските влошки и тампони не се достапни во Северна Кореја, па жените користат старомоден начин на хигиена во тој период од месецот со влошки кои се перат.
Кондоми
Сите видови на контрола на раѓањето се забранети, па ако на локалците им подарите кондом тие ќе ви бидат навистина благодарни.
Имот
Владата на Северна Кореја ексклузивно ги има правата на земјиштето и поседите. Речиси е невозможно да купите или продадете куќа или стан.
Сепак, некои граѓани пронајдоа начин да го сторат тоа, па сега законите се малку ублажени.
Дизајнерски чевли
Чевлите од познатите светски дизајнери не се увезуваат. Можете да купите единствено во регионите што граничат со Кина, но и тука најверојатно ќе бидат имитација од кинеско производство.
Новогодишни елки
Северна Кореја е официјално атеистичка земја. Сите форми на религија се забранети и строго набљудувани од владата. Па, затоа не можете да купите никакви новогодишни и божиќни украси.