Ако ве фатат за врат, рака, коса: Совети за самоодбрана кои ќе ви го спасат животот

Чувајте го спрејот на вистинско место

Спрејот за заштита не би имал поента доколку го чувате во чанта и треба да го барате во итни моменти. Нападите се случуваат неочекувано па секогаш треба да ви биде при рака.

Затоа, најдобро е да го чувате во џеб, за да може веднаш да го искористите и да побегнете.

ako-ve-fatat-za-vrat-raka-kosa-12-soveti-za-samoodbrana-koi-kje-vi-go-spasat-zhivotot-07.jpg

Ако ве фатат за рака

Можете да избегате од „фатот“ со користење на „правило на палец“ – ротирајте ја раката во правец на палецот на напаѓачот. И запомнете, тоа треба да биде брз и остар потег.

Во спротивно, напаѓачот ќе ви ја забележи намерата и ќе стегне уште посилно. Во тој случај, искористете ги нозете и стапнете у врз стапалото најмногу што можете или удрете во некоја од точките кои ги спомнавме погоре.

ako-ve-fatat-za-vrat-raka-kosa-12-soveti-za-samoodbrana-koi-kje-vi-go-spasat-zhivotot-08.jpg

Ако ве фатат за коса

Ова е многу чест напад со оглед на тоа што оваа техника предизвикува болка, но и му дава на напаѓачот целосна контрола врз телото.

Во овој случај, фатете ја раката на напаѓачот со двете ваши раце, а потоа повторно искористете го вашето стапало за удар. Кога ќе почувствувате дека стисокот му се ослободува малку по малку, тргнете му ги рацете и избегајте.

ako-ve-fatat-za-vrat-raka-kosa-12-soveti-za-samoodbrana-koi-kje-vi-go-spasat-zhivotot-09.jpg

Ако ве фатат за врат

Доколку некој ве фати за врат, не заборавајте дека рацете ви се слободни, па искористете ги и фатете го за лице силно, а со ногата удрете во препоните. Болката ќе направи да попушти со неговиот стисок, а вие ќе може да избегате.

ako-ve-fatat-za-vrat-raka-kosa-12-soveti-za-samoodbrana-koi-kje-vi-go-spasat-zhivotot-10.jpg

Во лифт

Веќе е јасно дека не треба да влегувате во лифт со непознати и сомнителни лица и дека е подобро да почекате да замине. Друга навика која треба да ја стекнете е секогаш да стоите со грб свртени кон копчињата.

Секогаш е подобро вие да стиснете копче каде што „сопатникот“ оди, отколку да дозволите тој да може да го стопира лифтот и да немате пристап до нив.

ako-ve-fatat-za-vrat-raka-kosa-12-soveti-za-samoodbrana-koi-kje-vi-go-spasat-zhivotot-11.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg