Ако ве фатат за врат, рака, коса: Совети за самоодбрана кои ќе ви го спасат животот
Научени сме напади да гледаме само на телевизија и на вести, но никогаш не размислуваме дека тоа може да му се случи на секого во секое време.
Секако, не треба да бидеме обземани со лоши мисли, но добро е секогаш да се биде подготвен на секаква ситуација.
За таа цел, нешто што е најважно, е да знаете неколку трикови за самоодбрана со кои ќе покажете дека не сте толку „лесен плен“.
Прочитајте ги овие неколку совети кои во секое време може да ви се најдат:
Правилно стегање тупаница
Најважна работа при ударот со тупаница е да не си ги повредите прстите. Палецот не треба да се многу истакнат, но не треба ниту да го криете под другите прсти – ова може да доведе до кршење.
Поставете го палецот странично над останатите прсти исто како на фотографијата.
Како да се ослободите од јаже
Најважното што треба да се направи е да се остави место за воздух. Ако важите раце се врзани, држете ги свиткани во тупаница. Ако телото ви е врзано, вдишувајте така што дијафрагмата ќе се шири многу повеќе.
Колку повеќе простор има помеѓу вас и јажето, толку се поголеми шансите да се ослободите од него.
Како да се ослободите од леплива лента
Ако рацете ви се врзани со селотејп, можете да го скинете на многу едноставен начин – дигнете ги двете раце над глава и потоа со сета сила турнете ги надоле, ширејќи ги дланките.
Овој метод е малку покомплициран доколку рацете ви се врзани од назад, иако е возможен.
Запомнете ги ранливите точки
Можеби ќе бидете помалку физички силни од напаѓачот, па затоа е добро да се потпрете на изненадните елементи. Запомнете дека само треба да удрите силно на точките на кои никој не е доволно силен да издржи удар.
Доволен е само еден удар во една од овие точки.
Измислете таен код
Во детството, многу од нас измислуваа нови зборови, па дури и цели јазици, кои никој друг не ги разбираше освен друштвото. Па, тоа може да биде добар трик и за вакви ситуации.
Смислете таен код односно фраза, па кога некому ќе му ја напишете во порака, тоа ќе значи дека сте во некаква опасност.
Користете предмети кои ви се при рака
Користете ги сите предмети кои ви се при рака за да се заштитите, одбраните или нападнете доколку мора. Користете ја чантата како штит од нож или удар, но не ја добижувајте премногу блиску до телото.
Шалот или марамата можете да го фрлите во лицето на напаѓачот, па додека се обидува да го тргне, вие може да избегате. Чадор, кеси, па дури и мали парички од џебот може да ви помогнат.
А, клучевите, секако се најдобра алатка, но тоа се користи во екстремни случаеви.