Не смеат да отвораат прозорци: Правила кои важат за семејството во Белата куќа

Животот на семејството на претседателите на САД најдобро го опишува поранешната прва дама, Мишел Обама.

ne-smeat-da-otvoraat-prozorci-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-01.jpg

Таа за Белата куќа вели: „Човек навистина не знае што сѐ всушност не знае, сѐ додека не дојде овде“.

Кога станува збор за влијателните семејства во светот, претходно сме зборувале за правилата кои кралското семејство на Англија мора да ги почитува.

Но, дали знаете какви сѐ правила постојат во семејството на претседателите на САД?

Во продолжение, дознајте дел од нив:

Првата дама мора да избере дизајнер за ентериер со кој ќе работи

Семејството Обама го избраа Michael S. Smith, а Трамп, ја избраа Tham Kannalikham.

Другите членови од семејството не треба да имаат формална улога во администрација

Иако, претседателот Доналд Трамп го прекрши ова правило со тоа што на неговата ќерка, Иванка Трамп, ѝ додели улога како асистент на претседателот, а на нејзиниот сопруг, улога за советник на претседателот.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-02.jpg

Семејството може да ги декорира собите во Белата куќа по сопствен стил

Освен „собата Линколн“ и „Жолтата соба“, кои мора да останат какви што се. Повеќето промени се случуваат на вториот и третиот спрат за да се зачува историјата.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-03.jpg

Првата дама и децата живеат во Белата куќа со претседателот

Но, Меланија го прекрши ова правило бидејќи таа и нејзиниот син Барон живееа во пентхаусот во Њујорк додека тој не заврши училиште.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-04.jpg

Не им е дозволено да трошат пари на екстравагантни реновирања

Парите кои Конгресот ги одобрува за трошење на декорации варира од година во година, а претседателот Трамп досега има потрошено околу 2 милиони долари на реновирање.

Мора да ги зачуваат колекциите во домот

Како на пример пијаното и значајните уметнички дела. Во Белата куќа има куратор кој е одговорен да надгледува дали секое семејство ќе се грижи за нив.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-06.jpg

Секогаш постои тема за официјалната новогодишна елка во Белата куќа

Темата ја бира семејството, а оваа традиција ја започнала Џеки Кенеди во 1961-ва година.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-07.jpg

Ниту претседателот ниту неговиот заменик не смеат да ја одбијат заштитата од тајната служба

Но, нивните сопружници и деца можат да ја одбијат.

Тие не смеат да отвораат прозорци

Ниту во Белата куќа ниту кога се возат во автомобил, иако тоа беше голема желба на Мишел Обама.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-08.jpg

Семејството не смее да се пресели ни минута порано од 20-ти јануари

A, процесот на селење треба да се одвива во период од 12 часа. 

Тие сами си ги носат нивните работи до Белата куќа

А, исто така и сами ги поднесуваат трошоците за транспорт.

Семејството треба да организира ручек со кој ќе го одбележи крајот на Рамадан

Трамп ја прекрши оваа традиција годинава.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-10.jpg

Уште 12 правила на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg