Со какво превозно средство одат на работа луѓето низ светот?
Карачи, Пакистан
Оваа слика можеби ви е позната, со оглед на тоа што во Пакистан, во најголемиот шпиц, кога е најголемиот сообраќаен метеж, луѓето не само што се возат во автобусите, туку се возат и врз нив.
Париз, Франција
Во Франција, скутерите се многу често превозно средство и сосема е нормално да видите човек во одело кој вози скутерче. Брз и удобен начин, без да чекате големи гужви.
Коломбо, Шри Ланка
Во Шри Ланка е проблем сите луѓе да се соберат во возовите, па многу често се случува некои да висат од страните, а вратите речиси никогаш не се затворени.
Скопје, Македонија
Во нашиот главен град, најголем дел од луѓето одат на работа со автобуси, кои се распоредени во повеќе линии за различни делови од градот.
Покрај јавниот превоз, има и голем број кои се се превезуваат со такси возила, како и со сопствени автомобили, а во последно време се зголемува и бројот на велосипедисти.
М. М. | Црнобело