11 работи со кои природата ги наградила само мажите

Секако дека сите луѓе се различни и кај секој преовладува некој карактеристика повеќе за разлика од друга.

mashkiot-mozok-e-pogolem-10-raboti-so-koi-prirodata-gi-nagradila-samo-mazhite-01.jpg

Но, ова важи и од научна гледна точка. Некои карактеристики ги имаат само мажите, а кај жените се изоставени или пак, помалку истакнати.

На пример, дали сте знаеле дека машкиот мозок е поголем од женскиот, или пак, дека мажите имаат повеќе мускули од жените?

За сѐ во науката постои и објаснување, па така и за овие факти.

Дознајте кои се работите со кои природата ги наградила само мажите:

Мозокот на мажите е 10% поголем од на жените

Големината на мозокот зависи од големината на човечкото тело што треба да се контролира, а нема никаква врска со нивото на интелигенција. Иако, според некои тестови, мажите во споредба со жените, покажале дека имаат подобра меморија и подобро им работи центарот за носење најдобри одлуки.

mashkiot-mozok-e-pogolem-10-raboti-so-koi-prirodata-gi-nagradila-samo-mazhite-02.jpg

Мажите немаат целулит, но го имаат „познатиот“ стомак

Повеќето научници сметаат дека целулитот се појавува само кај жените. Најголем виновник за ова според нив е естрогенот и различниот начин на согорување маснотии.

Според други извори, сепак има 10% од мажите кои се соочуваат со целулит. Во нивното тело, целулитот е формиран во абдоменот кога ја зголемуваат тежината.

mashkiot-mozok-e-pogolem-10-raboti-so-koi-prirodata-gi-nagradila-samo-mazhite-03.jpg

Машкиот мозок сака игри и забава, без разлика на возраста

Човечкиот мозок работи преку систем на стимулации. За одредени акции, тој се наградува со задоволство – алкохол, ново знаење, секс или играње игри.

Машкиот мозок сака да го постигне максималното ниво на задоволство што е возможно. Се смета дека без женскиот хормон естроген, на мажите би им било многу тешко да се смират и животот за нив би бил незамислив и стресен доколку повремено не се наградат.

mashkiot-mozok-e-pogolem-10-raboti-so-koi-prirodata-gi-nagradila-samo-mazhite-04.jpg

Имаат 50% повеќе мускули во телото од жените и 2 пати помалку масти

Во машкото тело, маснотиите не се таложат на колковите, задникот или градите како кај жените. А, за време на стрес, мажите согоруваат масти побрзо.

Заради големото ниво на тестостерон и активниот метаболизам, мажите побрзо формираат мускулна маса и се верува дека просечниот маж е 99% посилен од просечната жена.

mashkiot-mozok-e-pogolem-10-raboti-so-koi-prirodata-gi-nagradila-samo-mazhite-05.jpg

Можат да „скенираат“ сѐ што се случува околу нив за само неколку секунди

Интересна карактеристика, развиена со еволуцијата на преживување и ловење – мажите несвесно го скенираат светот околу нив. Тие се неевројатно внимателни и забележуваат секакви и најмали детали и инстантно ги забележуваат објектите кои се придвижуваат.

mashkiot-mozok-e-pogolem-10-raboti-so-koi-prirodata-gi-nagradila-samo-mazhite-08.gif

Мажите се речиси неранливи – полесно се справуваат со рани, скршеници и болка

Научниците кои ја истражувале перцепцијата за болка кај мажите и жените многу години, дошле до заклучок дека посилниот пол може навистина добро да се справи со речиси секаков вид болка, но под услови на силна мотивација.

Со други зборови, ако сакате да „вратите во живот“ маж кој се жали за температура од 37⁰, само смислете добра и вредна награда за него.

mashkiot-mozok-e-pogolem-10-raboti-so-koi-prirodata-gi-nagradila-samo-mazhite-06.jpg

Уште 5 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg