Правила за воспитување во кралското семејство кои се пример за сите родители
Строги правила за однесување во јавност
Децата знаат дека лошото однесување во јавност не е дозволено и дека се казнува.
Принцот Џорџ еднаш се обиде да го прекрши правилото на игралиште, за што беше веднаш испратен дома.
Електронските уреди се само за возрасни
Џорџ и Шарлот поминуваат многу време играјќи си надвор, трчаат низ дворот и возат велосипед, но електронските уреди се нешто што е строго забрането.
Кејт и Вилијам веруваат дека тие „играчки“ можат да почекаат уште малку додека да пораснат, а играње со топка, јаже и други игри се целосно дозволени.
ДА за цртаните
Во кралското семејство е дозволено да се гледа телевизија, но во строго одредено време.
Децата веќе имаат омилени цртани филмови – Шарлот често сака да гледа Pigs Is Pigs, а Џорџ го обожава Fireman Sam.
Разумно трошење е начин на живот
Кејт и Вилијам го почитуваат разумното трошење, а тоа е покажано со фактот дека одбиваат да купуваат нови парчиња облека.
Често на фотографиите може да се забележи дека нивните деца носат облека од родителите кога биле мали или пак од нивниот чичко Хари.
А, кога мора да купат нешто ново, тоа не е од скапи и луксузни брендови.
М. М. | Црнобело