10 школски трикови кои ќе им се најдат на учениците и студентите
Со големиот број на предмети, како и обврски, учениците и студентите имаат навистина тешка задача да постигнат да научат сѐ во одреден рок.
И во процесот на учење, сите се соочуваат со разни проблеми, без разлика дали се потешки или пак се едноставни и за некого незначајни.
Дали се работи за острење моливи, подвлекување најважни работи во книга, или пак за препишување – постои решение за сѐ!
Погледнете ги следниве трикови и веруваме дека барем неколку од нив ќе ви се најдат како корисни:
1. Направете засек на маркерот во V-облик за да го подвлечете текстот горе и доле истовремено.
2. За да направите невидливо ливче за препишување, потопете го во вода, а потоа залепете го врз налепницата од шише со вода.
3. Ако треба да нацртате круг, а немате шестар, искористете спојувалки и два маркера.
4. Ако сте подвлекле погрешен дел од текстот, ставете малку сок од лимон и тој ќе ја извади бојата на маркерот без да го уништи листот.
5. За струготините од острење моливи да не ви се разлетуваат насекаде, искористете Tic Tac кутивче од бонбони. Ставете ја острилката на капачето и струготините ќе останат во кутивчето.