До која возраст е нормално децата да живеат со родителите во различни земји низ светот?
Порано или подоцна, сите деца низ светот ги напуштаат родителите и нивниот дом и почнуваат да живеат сами или пак со својот партнер.
Единственото што е различно е нивната возраст – некаде тоа го прават помлади, а некаде е сосема нормално на постари години децата да се иселат од домот на родителите.
Дознајте до која возраст децата живеат со родителите низ земјите во светот:
Грција
Во Грција не е невообичаено 20-годишните луѓе да живеат уште со нивните родители. Социолозите веруваат дека младите во Грција се навикнати да живеат „на готово“ и се плашат од тешкотии.
Италија
Според статистиките, повеќе од пола млади Италијанци од 18-34 години живеат под ист кров со нивните родители дури и ако имаат своја работа. Врските со семејството не ослабуваат дури и кога ќе се одделат, посебно помеѓу мајките и синовите.
Високите цени за живеалишта и тешкото наоѓање работа влијаат на оваа ситуација, но на младите им одговара оваа ситуација, а родителите се обидуваат да направат сѐ да ги задржат дома и да ги издржуваат материјално.
Израел
Многу млади луѓе во Израел одат во војска веднаш по училиште. Тие завршуваат со служењето на околу 21 година и многу ретко се случува да се вратат дома. Ако некој на оваа возраст живее со родителите тоа е некоја привремена ситуација.
Филипини
Дипломираните студенти, дури и кога ќе најдат работа, остануваат да живеат со родителите. Дури и до 40-тата година. Овде не е чудно ниту доколку неколку семејства живеат под ист покрив, а причина за тоа е традицијата и силните семејни врски, како и заради тоа што не секој може да си дозволи свој дом.
САД
Во САД не е прифатливо децата да живеат долго во домот на родителите. Веднаш по завршувањето на училиште, на 18-годишна возраст тие заминуваат од дома и живеат сами уште на почетокот на студиите.
По дипломирање, некои се враќаат дома, но тоа не е добро прифатено од општеството.