10 чудни професии кои ќе ви овозможат да живеете удобно
Инспектор на септички јами – 34 до 61 милион долари годишно
Без сомнеж, ова е една од најкорисните професии, иако не е најпријатна. Благодарение на овие инспектори можеме да го користиме едно од најбитните достигнувања на цивилизацијата, тоалетот.
Чистач на екрани во iMAX кината – 40 до 50 илјади долари годишно
Пред повеќе од 20 години, пилотот Мајкл Каренто и неговиот пријател формирале компанија за чистење на екрани во кината. Бизнисот имал голема побарувачка па Мајкл ја оставил работата во авиоиндустријата и се посветил на чистење екрани.
Според него, вообичаените компании за чистење едноставно не знаеле како правилно да чистат толку големи екрани.
Тестер на егзотична храна – 800 долари на ден
Многумина од нас на драго срце би се сложиле да бидат тестери на храна, бидејќи едноставно ќе бидеме платени за да јадеме, дури и оние коишто тврдат дека не се многу по јадењето.
Сепак, оваа професија има една непријатна страна, како што и мора да има секоја професија. Овие услуги ги користат рестораните доколку се решат да вметнат нешто необично во менито, како на пример инсекти.
Тестер на храна за миленичиња – 40 до 50 илјади годишно
Животните не знаат да зборуваат, па затоа и не можеме објективно да процениме колку им се допаѓа храната која им ја служиме. Затоа е неопходно да постои човек којшто ќе ја пробува и нивната храна и истовремено ќе има знаења од потребите во исхраната на миленичињата.
Професионална деверуша – 300 до 2.000 долари од свадба
Некои луѓе се премногу зафатени и немаат време за да се спријателат. Затоа тие буквално мораат да си изнајмат пријатели.
Иако ова е многу тажно, сепак можеме да ги разбереме денешните невести. Така, покрај присуството на свадбата, платените „другарки“ ќе помогнат и во организацијата на истата.
(О)Милена | Црнобело