10 чудни професии кои ќе ви овозможат да живеете удобно
Како што се развива нашата цивилизација, одредени работни активности заминуваат во историјата, но истовремено се појавуваат и нови начини на заработка, а тие понекогаш се многу необични.
Можеби нема да поверувате дека постојат следниве 10 професии, но не само што се реални, туку со нив и добро се заработува:
Професионален гушкач – од 60 долари на час
Милата девојка на фотографијата е Саманта Хес, основачот на фирмата која изнајмува луѓе за гушкање. Иако многу од нас можат да си добијат бесплатни прегратки од блиските, сепак постои побарување.
Се чини дека не секој има некого за да го прегрне, со оглед на тоа дека на фирмата постојано ѝ пристигаат барања за изнајмување на гушкачи.
Мирисачи на хартиени шамивчиња – 19 до 52 илјади долари годишно
Ќе бидете изненадени, но компаниите кои произведуваат хартиени шамивчиња и салфети, вработуваат мирисачи на шамивчињата за да се осигурат дека производите немаат непосакувани миризби.
Има само 2 основни услови за апликантите: одлично чувство за мирис и љубов кон хартиените производи.
Чистач на крими сцена – 50 илјади долари годишно
За жал, сè уште не сме успеале да го истребиме криминалот. А она што го оставаат криминалците зад себе не секогаш може да се исчисти само со метла и џогер.
Стилист за храна – 33 до 58 илјади долари годишно
Задача на стилистот за храна е да направи хранливите прроизводи коишто се користат во рекламите да изгледаат што е можно повкусно и попривлечно.
Со цел да се постигне ова дозволено е сѐ, а стилистите и фотографите мора да покажат голема инвентивност.
Нуркач кој лоцира голф топчиња – 50 до 100 илјади долари годишно
Секоја година на голф терените се губат голем број на голф топчиња, а многу од нив завршуваат на дното на малите езерца. За да не ѝ се наштети на природата, а со цел да се заштеди на набавка на нови топчиња, голф клубовите најмуваат професионални нуркачи.
Можеби оваа работа ви изгледа безбедно, но во јужните делови од Америка нуркачите честопати се среќаваат со алигатори, а и водата не секогаш е чиста, па постои опасност од инфекции.