12 одлики на луѓето со здрава психа

Простуваат

Држењето лутина и бес во себе е како да носите претежок куфер секаде каде што одите. Ако постојано во главата ги „вртите снимките“ од некоја кавга со некого, од одредени непријатни настани и ситуации во кои сте се нашле, никогаш нема да имате мир и да бидете вистински среќни.

Ваквите емоции можат да предизвикаат и физички проблеми – болести, проблеми со срцето, опаѓање на имунитетот и слично. Луѓето со здрава психа знаат дека простувањето е многу корисно и нé ослободува од непотребниот товар.

12-odliki-na-lugjeto-so-zdrava-psiha-06.jpg

Го прифаќаат она што е неизбежно

Животот е полн со неизвесности и изненадувања на кои ние не можеме да влијаеме. Дури и ментално најсилните луѓе се соочуваат со потешкотии понекогаш, но тие се разликуваат од останатите според тоа како реагираат на ваквите ситуации.

Прифатете ги негативните настани како дел од животот, но не дозволувајте да станете жртва и да паднете во очај. Секако дека ќе имате падови, но најважно е да станете и да продолжите.

12-odliki-na-lugjeto-so-zdrava-psiha-12.jpg

Не озборуваат и не критикуваат

Критиките упатени кон другите не се однесуваат на нив, туку зборуваат за вас. Откажете се од оваа лоша навика бидејќи не ви носи ништо добро.

Следниот пат кога некој ќе озборува некого во друштво или кога ќе сакате да го искритикувате партнерот за некоја ситница, застанете и размислете дали тоа што ќе го кажете ќе има ефект.

12-odliki-na-lugjeto-so-zdrava-psiha-07.jpg

Имаат свој систем на вредности

Луѓето кои имаат здрава психа живеат според нивен систем на вредности кои го создале. Можеби останатите не се согласуваат со тоа, но тие знаат дека тоа функционира за нив.

Системот на морални вредности секогаш ќе ве изведе на вистинскиот пат, колку и да мислите дека сте изгубени и секогаш ќе ви дава надеж дека следуваат подобри денови.

12-odliki-na-lugjeto-so-zdrava-psiha-08.jpg

Имаат јасни цели и мотивација

Дали постои нешто што ве мотивира да се разбудите наутро? Да бидете возбудени штом ги отворите очите и да бидете нестрпливи за сето она што ве очекува во денот?

Среќните луѓе имаат јасни цели и планови и не им недостасува мотивација и инспирација за тоа да го остварат. Морате да имате визија за нештата и да не се откажувате.

12-odliki-na-lugjeto-so-zdrava-psiha-09.jpg

Си го сакаат својот живот

Минатото не може да се промени, но од него може многу да се научи. Без разлика што ви се случило во животот, сакајте го секој дел од него – и убавите, и лошите моменти.

Живејте овде и сега, како што живеат луѓето со здрава психа, и бидете свесни за сé што ви се случува. Славете го секој успех, мал или голем. Тука се крие клучот за долготрајна среќа.

12-odliki-na-lugjeto-so-zdrava-psiha-13.jpg

М. В. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg