Имате големи колкови, на фотките сте насмеани: Чудни показатели дека ќе живеете долго
Изгледа дека знаците кои укажуваат на долг живот се многу невообичаени и неочигледни.
За некои од нив никогаш не би ни помислиле дека имаат такво влијание, но сепак, позитивно ќе се изненадите.
Ви ги откриваме најнеочекуваните тајни за долг живот, а вие според тоа кои ги практикувате, пресметајте колку години плус добивате.
Не се плашите од возраста
Истражувањата покажуваат дека благодарноста е поврзана со емоционалната зрелост и способноста да ги третирате годините како на квалитет и вредност, го зголемува животниот век за 7.5 години.
Зависни сте од шопинг
Изгледа дека шопингот е многу поважен за мажите отколку за жените. Истражувањата покажуваат дека купувањето одвреме-навреме може да ја намали смртната стапка за 28% кај мажите и 23% кај жените.
Имате домашно милениче
Докажано е дека миленичињата можат да го одржуваат вашето здравје, а комуникацијата со нив смирува и лачи хормон окситоцин, кој ги регулира позитивните емоции. Па така, вашето милениче го продолжува вашиот живот, го намалува стресот и ве штити од кардиоваскуларни заболувања.
Јадете виолетови намирници
Ако вашата исхрана вклучува виолетова храна, тогаш шансите да останете здрави и да си го продолжите животот, се зголемуваат за неколкупати:
- Боровинките го спречуваат растењето на клетките за рак на дојка, богати се со пробиотик и се борат против стареење.
- Научниците препорачуваат редовно да јадете црно грозје – ја подобрува функцијата на мозокот и ве штити од кардиоваскуларни заболувања.
- Жените кои јадат 3 порции виолетова храна неделно, го намалуваат ризикот за срцев удар за 32%.
Се смеете на слики
По анализирањето на слики во едно истражување, научниците дошле до заклучок дека смеењето го продолжува животот и дека луѓето кои се смеат на слики си го продолжуваат животот за 7 години.