Симптоми, вашето име: Топ 10 работи што не треба да ги гуглате
Google е со сигурност најкористената алатка на модерното време.
Обично таму дознаваме корисни информации за нешто што ни треба, учиме за нешто за кое не сме знаеле или гугламе за да дознаеме како нешто се прави.
Сепак, понекогаш претераното гуглање на сè и сешто може да има негативен ефект.
Ова се 10-те работи кои не треба да ги пребарувате на Google за да не си направите дополнителни проблеми:
Вашите симптоми
Знаеме дека „Доктор Google“ дава илјадници сајтови кои нудат информации поврзани со здравјето, но речиси на ниту еден од нив авторите не се медицински професионалци.
Затоа, ако имате некакви симптоми за болест или настинка или се сомневате дека нешто не е во ред со здравјето, посетете лекар.
Нелегални активности
Проблемите со прекршување на законот се сериозни, па никако не смеете да пребарувате работи од типот „како се прави бомба“ или „како најлесно се ограбува банка“.
Можеби мислите дека не може да се види што сте пребарувале, но организациите за државна безбедност и заштита ги следат сите траги поврзани со незаконски активности на граѓаните. Љубопитноста може да ве доведе до неволја.
Болеста рак
Ако напишете „рак“ на Google, она што ќе го прочитате сигурно ќе ве вознемири, а може и да ве остави без сон. Постојат различни симптоми и различни толкувања за оваа тешка болест, па не мора да значи дека ако ви се врти или повраќате, имате рак.
Секогаш кога станува збор за здравјето, не кревајте паника без потреба, туку посетете лекар.
Инфекции од инсекти
Сигурно сте слушнале за болви и за други мали „чудовишта“ кои најчесто ги има во хотелските соби или се кријат во постелнината дома. Можеби и сте имале непријатни искуства и иритации на кожата.
Сепак, не е паметно да пребарувате што сè може да предизвикаат ваквите инсекти бидејќи нема да можете да заспиете и цело време ќе мислите дали во креветот се крие нешто што сака да ве нападне.
Проблеми со кожата
Постојат многу болести поврзани со кожата и поголемиот дел од нив се навистина штетни. На интернет има милион фотки од тоа како изгледаат сите тие иритации и кожни проблеми, па не ви е паметно да ги пребарувате.
Без потреба ќе се вознемирите и ќе си направите проблеми.
Како изгледаат белите дробови на пушачите?
Сите пушачи понекогаш размислуваат за лошите страни на оваа навика, особено за штетата нанесена на белите дробови.
Ако го пребарувате ова, Google ќе ви даде многу фотки со вознемирувачка содржина, што секако не е добро за вас, освен ако не сакате да имате силен мотив да се откажете од оваа лоша навика.
Опасни животни
Сигурно не сакате уште фобии во животот, па држете се подалеку од содржини од овој тип.
Отровни змии, крокодили, инсекти кои предизвикуваат зарази – дури и да мислите дека во вашето место нема вакви опасни животни, сигурно ќе најдете некое што живее во близина.
Вашето име и презиме
Сите сме си го изгуглале нашето име некогаш во животот. Обично сме нашле стари фотки од стари профили на некоја социјална мрежа, податоци за училиштето во кое сме завршиле и слично.
Секогаш ќе сакате тоа да го избришете, но нема да успеете во тоа. Затоа, оставете го како што е.
Отстранување црнки
Фотките што ќе ви излезат можеби нема да ве вознемират или исплашат, но не се пријатни за гледање, така што нема потреба да ги пребарувате.
Можете да прочитате некоја статија или трик, но запрете навреме бидејќи ќе се „навлечете“ и ќе се изнагледате работи кои не сте ни сакале да ги видите.
Раѓање бебе
Секако дека е корисно да се знае каков е процесот на породување, но резултатите од пребарувањето ќе ви дадат видеа и фотки слични на оние од филмовите.
Жени што вриштат, компликации при раѓање на бебе, доктори кои соопштуваат страшни дијагнози и слично. Ваквите содржини дури може и да ги обесхрабрат жените да станат мајки.
М. В. | Црнобело