15 фрази кои успешно го смируваат секој конфликт

За жал, не постои сфера од животот во која не се соочуваме со конфликти, на дневно, неделно или месечно ниво.

15-frazi-koi-uspesno-go-smiruvaat-sekoj-konflikt-01.jpg

Без оглед дали се работи за приватна или деловна кавга или недоразбирање, бидете помудрите и искористете некоја од овие 15 фрази кои гарантирано ја намалуваат тензијата.

Сè ќе биде полесно ако кажете:

1. Ајде да одмориме, да размислиме и потоа да донесеме одлука.

Ова е посебно корисно ако забележувате дека вие или другата страна сте лошо расположени и проблемот е произлезен од моментална напнатост.

2. Разбирам што те вознемирува...

Нема ништо подобро од разбирањето. На тој начин конструктивно му приоѓате на проблемот, а не површно.

3. Ајде да размислиме како да го решиме проблемот...

Ова значи дека не сте индиферентни и не го игнорирате проблемот.

4. Кога си лут/а си уште поубав/а!

Комплимент кој треба да го доделите со доза на хумор за да не бидете сфатени погрешно. Инстантно ја омекнува напнатоста.

5. Еден мал договор: Нема пцуење и лоши зборови.

Едноставна, но ефективна фраза која ќе ви помогне да не се навредите меѓусебно и да не предизвикате гнев.

6. Во ред, те разбирам.

Фраза која ќе ве спаси во критичните ситуации. Со самото тоа што слушате и разбирате веќе ја смирувате топката.

7. Да ги погледнеме работите од поинаков агол.

На овој начин потенцирате дека сте доволно возрасни да разберете дека секој проблем има 2 или повеќе страни и дека сте подготвени да ги разгледате сите можни гледишта.

15-frazi-koi-uspesno-go-smiruvaat-sekoj-konflikt-02.jpg

8. Помогни ми да те разберам / Објасни ми детално што точно мислиш.

Важно е да ги отворите картите, а ова ќе ви помогне во таа намера.

9. Што можам да направам за да ја подобрам ситуацијата?

Ова е добра фраза доколку не знаете што се очекува од вас.

10. Ќе го решиме проблемот, бидејќи ни се случувале и полоши работи!

Поддршката создава чувство на заедништво и непобедливост. Поставете се како да сте вие против проблемот, не еден против друг.

11. Те замолувам да не разговараме со ваков тон.

Не дозволувајте емоциите да ве совладаат. Согласете се само на смирена дискусија.

12. Во ред, што ни треба за да ја подобриме ситуацијата?

Самото нудење на помош е она што ќе ви помогне да избегнете нови објаснувања и конфликти.

13. Што е она што те нервира? Да откриеме заедно.

Ова ве прави многу позрели. Дури и да не можете да го решите проблемот, разбирањето прави чуда.

14. Во право си...

Дури и да се согласувате за најмала ситница од реченицата која човекот спроти вас ја кажал, нагласете го тоа. Така си отворате пријателски пристап.

15. Добро, внимателно те слушам цело време...

Ако треба да смирите одредена ситуација, задолжително разговорот почнете го со оваа пријателска реченица.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg