6 работи кои не треба да ги споделите онлајн штом ве запросат
Честитки, штотуку го добивте најубавиот прстен на целиот свет од човекот кој го обожавате. Но, дали тоа значи дека цел свет треба преку онлајн пост да дознае за тоа? Размислете повеќепати.
Ова се 6 работи кои дефинитивно не треба да ги објавите на социјалните мрежи неколку минути откако саканиот ќе го постави прашањето:
1. Бројот на карати или цената
Ништо не добивате ако „ненамерно“ споделите колку чинел прстенот или колку каратно е златото. Може да добиете само превртување на очи од секој кој ќе прочита.
2. Видео од вашиот прстен
Наместо да постирате 1-минутно видео од прстенот кој светка додека ја мрдате раката, на кратко опишете го запросувањето. И онака сите ќе ве прашуваат „како се случи?“
3. Објава пред да им кажете на пријатели и на семејството
Колку лошо ќе се чувствувате ако преку социјална мрежа дознаете дека некој близок роднина, брат/сестра или пријателка, се верил? Затоа, совршената фотка со романтичен опис може да почека.
4. Датуми и детали за церемонијата
Обично тие се пишуваат на поканата. Споделувањето на важните детали подобро е да го прескокнете.
5. Милиони хаштази на објавата
Нема потреба да објаснуваме зошто 100-те хаштази иритираат. Едноставно, пишете една реченица полна љубов и доволно е.
6. Идна госпоѓа (презимето) на вашиот профил
Знаеме дека сте пресреќни, но нема потреба да претерувате.
М. Д. | Црнобело