Ретки егзотични овошја за кои не сте слушнале досега, а ќе сакате да ги пробате
11. Црно сапоте
Ова овошје треба да ја достигне оваа нијанса, за да знаете дека е зрело. Личи и има вкус на чоколаден пудинг и е исклучително здраво.
12. Мини лубеници (Melothria scabra)
Изгледа слатко како малечка лубеница. Но, и покрај ваквиот изглед, воопшто не е слатко на вкус. Тоа е повеќе како краставица со примеси на лимонов сок.
13. Бириба
Уште едно овошје кое добива црна боја кога е зрело, но само на неговата кора. Има вкус кој потсетува на пита од лимон.
14. Саподила
Една необична мешавина на вкусови: пиво и кафеав шеќер. Семките од ова овошје имаат куки, кои можат да ви предизвикаат проблем при голтањето, доколку претходно не се отстранат од плодот.
15. Бредфрут
Ова овошје може да се јаде во повеќе фази. Кога е зрело, тоа е слатко и кремасто, кога е зелено и незрело, наликува на свежо печен леб.
16. Австралиска лимета
Во структурата наликува на икри од риба, па оттука е и нефицијалното име „лимета-кавијар“. Сокот од малечките меурчиња има вкус на лимета.
17. Купуачу
Ова овошје има голема сличност со какаото, а понекогаш се користи и како негова замена. Претставува интересна алтернатива за чоколадо, со малку посложен вкус.
18. Лонган
Лонганот е сладок и сочен, но со непријатен мирис. Ова овошје содржи многу шеќер, витамин Ц, калиум, железо и фосфор.
19. Акебиа
Акебиата претставува слатко и миризливо овошје, чиј вкус при дегустација потсетува на малина.
20. Панданус (Hala fruit)
Плодот може да се јаде варен или сиров, а освен за јадење, може дури и да се користи како забен конец. Неговите листови имаат лековити својства.
М. С. | Црнобело