Ретки егзотични овошја за кои не сте слушнале досега, а ќе сакате да ги пробате
Банани, ананас, манго, киви... Тоа се првите асоцијации на кои ќе се сетите кога станува збор за егзотично овошје.
Меѓутоа, постојат многу други типови на овошје во светот, за кои можеби никогаш не сте ни слушнале.
Ќе ви откриеме 20 видови овошја, кои ретко имате можност да ги видите. Но, којзнае, можеби наскоро некое од нив ќе се најде на вашата трпеза или ќе отпатувате некаде каде што е достапно.
1. Черимоја
Ова овошје можете да го користите како замена за сладолед. Се топи во уста како крем и има лековити својства. Единствена негативност е што семето му е отровно.
2. Дуриан
Најкарактеристична особина е неговиот силен (непријатен) мирис во комбинација со добриот вкус. Плодот содржи органски сулфур, што го објаснува неговиот мирис. Ова овошје предизвикува нагло зголемување на крвниот притисок.
3. Џекфрут (нангка)
Плодот од оваа овошка достигнува и до над 30 килограми тежина и до 90 сантиметри должина. Вкусот претставува мешавина од банана, ананас и манго.
4. Јабутикаба
Вкусот потсетува на грозје, а се користи за подготовка на желе, вино и ликери.
5. Магични бобинки
Овие плодови имаат навидум магични својства. Пробувате едно од нив, и во следниот час што и да пробате ќе има благ вкус.
6. Црвена банана
Овие банани имаат вкус на малини и манго и содржат многу калиум, бета каротен и витамин Ц.
7. Кивано
Тоа е исто така познато и како лубеница со рогови. Зрелиот плод има вкус на мешавина од краставица, киви и банана.
8. Тамарило
Тоа спаѓа во родот на доматите, модрите домати и чили пиперките. Има вкус на кисело-сладок домат и маракуја. Погоден е за десерти и за гарнир.
9. „Раката на Буда“
Ова овошје има мирис на темјанушки. Има многу мал дел од неговата внатрешност кој може да се искористи. Жолтите „прсти“ често се користат при подготовка на риба и салати.
10. Салак
Поради својата црвеникаво-кафеава лушпеста кожа, понекогаш се нарекува и змиско овошје. Има вкус на ананас, банана и ореви.