Реченици кои не треба да им ги кажете на депресивните луѓе
Депресивните луѓе се екстремно чувствителни и ранливи, но понекогаш го забораваме тоа, па несвесно наместо да помогнеме, само ја влошуваме ситуацијата.
Доколку имате близок човек кој се бори со депресија или едноставно сретнете човек на кој му треба рамо за плачење, избегнувајте да ги користите овие 10 реченици:
„Ајде де, има полоши проблеми од твоите.“
Наместо тоа кажете: „Жал ми е што се чувствуваш лошо. Можам ли некако да ти помогнам?“
„Верувај во себе, утре ќе биде подобро.“
Наместо тоа кажете: „Соочи се со проблемите чекор по чекор, јас ќе бидам тука да ти помогнам каде што ќе заглавиш.“
„Животот не е фер.“
Наместо тоа кажете: „Многу ми е жал што мораш да поминеш низ ова. Потпри се на мене кога и да ти треба.“
„Ајде соочи се, доста плачеш.“
Наместо тоа кажете: „Не мора да се соочуваш со тоа сам/a. Ќе ти помогнам.“
„Животот продолжува понатаму.“
Наместо тоа кажете: „Во животот имаш многу работи за кои вреди да живееш. Ајде да ги пронајдеме заедно.“
„Знам како се чувствуваш, еднаш и јас бев депресивен/на.“
Наместо тоа кажете: „Не можам ни да замислам низ што поминуваш, но ќе се обидам да те разберам.“
„Не мислиш дека се однесуваш егоистично? Само ти имаш проблеми?“
Наместо тоа кажете: „Ми недостасуваш. Ми недостасува времето кога заедно правевме среќни работи. Ајде некако повторно да стигнеме до таму.“
„Излези, напиј се, забавувај се и заборави на тоа“
Наместо тоа кажете: „Сакам да поминам повеќе време со тебе. Што викаш за една шолја топло кафе и долг разговор?“
„Човеку, досаден си.“
Наместо тоа кажете: „Не ми се допаѓа што си тажен. Ајде да го поправиме тоа.“
„Зошто си толку вознемирен/a?“
Наместо тоа кажете: „Не разбирам зошто толку многу се вознемири, но тука сум, објасни ми.“
„Треба малку физички да се активираш.“
Наместо тоа кажете: „Ми треба друштво за вежбање или трчање. Сакаш да дојдеш?“
М. Д. | Црнобело