Чоколаден Мајкл Џексон
Моне - традиционални слаткарски производи кои во Каталонија им се подаруваат на децата токму на Велигден, оваа година доживеаа вистинска...
..револуција. Така вработените во една слаткарница во Барселона ја разбрануваа својата фантазија, па овој Велигден направија фантастични скулптури, меѓу кои најголемо внимание привлече фигурата Мајкл Џексон.
За изработката на оваа фигура биле потребни цели 75 килограми чоколадо. Една од најважните празнични традиции во Каталонија е правењето на "мона" т.е."Mona de Pasqua" чоколадни фигури.
Овие фигури се даваат како велигденски подароци кои обично ги припремаат бабите и дедовците и потоа ги делат на децата кои биле добри изминатата година.