Случки од авионски летови
Кога на мал простор ќе се најдат голем број луѓе – се може да се случи. Некои луѓе собираат поштенски марки, додека други внимателно...
...забележуваат необични случки за време на авионските летови.
Грег Ротлер од Флорида на својата страница ги објавува најинтересните доживувања на патниците во авиони.
1. Ве-це. Хорор на секој патник е тесен тоалет во кој никој не сака да се задржи подолго отколку што е потребно.
Една госпоѓа морала да оди во тоалет веднаш штом влегла во авионот, но се заглавила и механичарите успеале да ја извлечат дури после 1 час.
Преплашената патничка посакала повторно да оди во тоалет па стјуардесите за секој случај ја испратиле во тоалетот на аеродромот.
Авионот поради неа доцнел 2 часа со полетувањето.
2. Чорапи – баш кога некој патник удобно си се сместил во своето седиште, забележал пред него маж кој си ги соблекол чорапите и почнал да си ги чепка ноктите и да ја струга кожата на петите.
По неколку минути покрај него се создало мало брдо од мртва кожа.
3. Пекол – авион кој требал да лета на релација Чикаго - Сан Франциско се задржал нагло на пистата за полетување заради неочекувани технички проблеми.
Авионот се претворил во вистинска сауна со температура од 35 степени. Патниците не смееле да излезат бидејќи се наоѓале на средина на пистата.
4. Жаби – Госпоѓа која седела покрај неуреден маж почнала хистерично да вриска – од стаклената кутија која ја држел нејзиниот сопатник излегле стотици мали жаби кои се прошириле низ авионот.
Летот не е прекинат, но патниците загрижено се обидувале да ги соберат жабите.
5. Влакна – “Седев до неверојатно дебела жена и гнасен маж кој за време на целиот лет си го чепкаше носот и ја јадеше неговата содржина, вклучувајќи ги и влакната од носот“ – напишал трауматизиран дечко кој едвај чекал да заврши летот.
6. Смрдеа – патниците често се жалат на нечисти сопатници па не е ни чуден описот на еден од нив кој за човекот покрај себе напишал:
“Потта се цедеше од него, смрдеше како со месеци да не видел капка вода, кожата му беше покриена со тетоважи од змии, во своите патики ги криеше нечистите нозе“.
7. Крв – “Човекот кој седеше до мене беше полн со рани, но на место да ги остави додека се повлечат, непрестајно ги гребеше со нечистите нокти и го јадеше она што успеа да го изгребе“.
Е сега, дали да се плашите од летањето или од сопатниците?