Кои се најскромните богаташи?
Каков живот би воделе ако на сметката имате милиони евра и финансиските проблеми воопшто не постојат во вашиот речник? И додека некои би ги...
...трошеле парите на сите страни и би уживале во луксузот, некои од најбогатите луѓе на светот се трудат да живеат во колку-толку нормални услови.
1. Warren Buffett
Милиони луѓе ги читаат неговите книги и ги следат неговите статии, а една од најважните пораки која ја споделува познатиот инвеститор е скромноста.
Се проценува дека “тежи“ 47 милијарди долари, но избегнува недвижности и луксузни производи.
Со сопругата живеат во сосема обична куќа во Омаха, која ја купиле заедно за 31.500 долари пред 50 години.
На прашањето зошто не поседува јахта тој одговара: “Тоа се играчки кои создаваат само проблеми“.
2. Carlos Slim
Сите сме чуле за Бил Гејтс, но малку од нас се запознаени со ликот и делото на Carlos Slim.
Мексиканецот неодамна е прогласен за најбогата личност со имот од 53 милијарди долари.
Слим живее мошне повлечено, нема сопствен авион ниту пак јахта, а домот го нема променето во изминативе 40 години.
3. Ingvar Kamprad
Основачот на Икеа не смислува начини за заштеда само за своите купувачи, туку правилото дека добрите работи можат да се набават и по пристапни цени го следи и во приватниот живот.
“Луѓето кои купуваат кај нас не сакаат блескави автомобили и не спијат во луксузни хотели. Јас сум еден од нив“ - изјавил Кампард и признал дека на работа се уште се вози со јавен превоз и со своето 15 години старо Волво 240GL.
4. Chuck Feeney
Feeney е роден во времето на Големата депресија и неговото лично мото гласи “Сакам да работам напорно, но не за да се збогатам“.
Соосновач е на компанијата Duty Free Shoppers преку која стекна милијарди долари без да стане познат во јавноста.
Најголем дел од средствата ги донира на хуманитарни организации, училишта, истражувачки институти и болници.
Користи јавен превоз, не пати за скапи алишта, а неговите деца за летниот период работат за својот џепарлак.
5. Frederik Meijer
Сопственикот на ланец супермаркети е тежок 5 милијарди долари.
И покрај тоа тој вози просечни автомобили кои ги менува само ако механичарите не можат да им помогнат.
На службени патувања спие во обични мотели, но затоа е мошне великодушен кога станува збор за донации и помош на оние кои им е најпотребна.