Сите ги знаеме, а не постоеле!
Постојат некои личности кои на сите ни се познати и неизмерно влијаеле на друштвото и развојот на цивилизацијата. Она што им е заедничко, е тоа што...
...тие никогаш не постоеле во реалниот живот.
Кои се овие ликови?
1. Дедо Мраз – сите се сеќаваме на приказните на нашите родители и дека нема да добиеме подароци ако сме непослушни во текот на годината.
Симпатичниот дедо и неговиот имиџ го популаризирала Кока Кола на почетокот на 20-тиот век.
2. Барби – оваа кукла има статус на светска икона. Нема девојче кое барем еднаш во животот не ја држело во рацете. За девојчињата Барби е поим за идеална убавина.
3. Робин Худ – Се уште се водат дебати дали постоел или не.
Како и да е, за неговиот лик е создадено една од најголемите легенди за средновековен крадец од кралско потекло кој ги дарува сиромасите.
Ова говори за тоа дека ваква личност не би можела да постои, барем не во тоа време.
4. Каубојците – тие биле херои со пиштоли кои претставувале храброст, одбрана на правдината, заштита на жените и децата.
Во реалноста постоеле само фармери кои одвај преживувале во дивините на Америка.
5. Marlboro Man – пред појавата на овој лик, мажите не пушеле цигари со филтер – тоа било само за жени.
Целта на кампањата била да се придобијат мажите да пушат Марлборо цигари со филтер. Влијанието на кампањата е видливо и денес, а се смета за една од најдобрите во историјата.
6. Дедал и Икар – денес во 24 часа можете да стигнете од едниот крај на планетата до другиот користејќи го авионскиот превоз.
Тоа можеби не би се случило никогаш, да не биле митолошките ликови Дедал и Икар. Се раскажува дека Дедал дизајнирал механички крилја за својот син Икар, и од тогап човекот се обидувал да се вивне во небото и да лета.
7. Ромео и Јулија – не само што треба да се обвинат за идејата за совршена врска туку и за големиот процент разводи.
Паровите стапуваат во брак барајќи вечна страст и романтика, а кога ова ќе испати се чувствуваат излажано затоа што бракот пропаднал. Во реалноста за успешна врска и брак потребни се – почит, љубов и разбирање.