Венчавка како Флинстонови
Речиси сите девојки сонуваат како еден ден ќе се венчаат во преубава бела венчаница, но тоа не е случајот со Гејл Вотсон. Таа и нејзиниот вереник...
... се големи обожаватели на цртаниот филм "Флинстонови", па одлучија да направат венчавка во која ќе бидат облечени како главните јунаци на цртаниот филм - Вилма и Фред Флинстонови.
Но, она што е уште поинтересно е тоа дека на големиот ден не беа само тие облечени како анимираните ликови од "Флинстонови", туку и кумовите исто така се појавија облечени како Барни и Бети, кои чувале две дечиња - девојче и момче кои потсетувале на Бам Бам и Пебелс.
Венчавката се одржала во Англија, а младенците имале дури и автомобил идентичен на оној од познатиот цртан. "Тоа беше фантастичен ден и сите уживаа. Само за таа прилика нарачавле ваков автомобил, како и диносаурус висок 6 метри", изјави младоженецот Ед Робинсон.
По необичната свеченост, гостите и младенците ја продолжиле забавата во еден хотел кој исто така, само за оваа пригода бил направен да личи како пештера.