Чоколадни јајца - мњам!
За да ја надополните велигденската атмосфера ви препорачуваме да се испробате малку во кујната. Нема кој не сака чоколадни јајца. Ова е супер...
...рецепт во кој ќе може да додадете некои состојки по желба за да добиете различни вкусови.
Времето на подготвување е половина час, но јајцата ќе бидат готови за 2 часа и 30 минути.
Што ви е потребно:
- 115g стопен путер
- 5ml екстракт од ванила
- 224g крем сир
- 1135g шеќер во прав
- 260g путер од кикирики (опција)
- 75g кокосови снегулки (опција)
- 85g какао во прав
- 335g парченца чоколадо (опција)
- 25g растително масло (опција)
Во голем сад измешајте ги путерот, ванилата и крем сирот. Додадете го шеќерот во прав за да добиете тесто. За најдобар резултат, користете ги рацете за мешање.
Одвојте го тестото на 4 дела. Еден дел нека остане празен. Во друг сад помешајте го путерот од кикирики. Во трет кокосот и какаото во прав во четврт сад.
Секое парче обликувајте го во форма на јајце и ставете ги на плех на кој претходно имате поставено хартија за печење. Изладете ги во фрижидер додека не се стврднат – од прилика 1 час.
Парчињата чоколадо растопете ги на пареа. Мешајте додека не се потполно стопени. Ако чоколадото ви се чини прегусто за глазурирање, помешајте го со малку масло.
Протријте ги оладените јајца во чоколадото и вратете ги назад на хартијата. Ладете ги уште половина час за да се стврднат.
Едноставно и слатко за Велигден!