Денес е Интернационалниот ден на апостолките - Време е да го облечете омилениот пар

Секоја година во третата недела на јуни, петокот е резервиран за Интернационалниот ден на апостолките.

kako-nastanal-internacionalniot-den-na-apostolkite-00001.jpg

Оваа година се паѓа токму денеска, а специјалниот ден се прославува уште од 2007-та година, кога „Tropical Smoothie Cafe“ го создале овој „празник“ во чест на нивната 10-годишнина од основањето.

Секој од посетителите кој ќе дојде во апостолки на овој ден ќе биде почестен со овошно смути, но приказната не завршува тука.

Локалот заедно со клиентите има хумана мисија, која опфаќа собирање донации. Потоа, ги испраќа децата и родителите во кампот „Sunshine“ во Мејн, чиј фокус е насочен кон надминување на последиците од болест која е опасна по животот, на оние кои се соочиле со овие трауми.

Програмата во кампот е целосно бесплатна за семејствата на кои им е потребна ваква помош и ментална рехабилитација.

Забавно и хумано, навистина не треба многу напор за да се направи добро дело, а зошто да не се вклучи нешто лесно и практично како апостолките?

Кога сме веќе кај нив, зарем има човек што не ги сака апостолките и не поседува барем еден пар во својот плакар?

Време е да ги извадиме нашите омилени летни „обувки“ на сонце или да си направиме едни уникатни апостолки...

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...
Кои се највисоките градби на секој континент? Бурџ Халифа, со своите 828 метри, е највисоката градба во Азија, но и во светот....
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg