Како да бидете оптимисти?
Оптимизмот е добар за вас. Добар е за вашето здравје. Може да ви ги одржи пријателствата, професионалните односи и да ги подобри вашите ...
...комуникациски вештини. Оптимизмот не може и не смее да го одредуваат финансиските фактори. Тој доаѓа од свеста и духот на човекот.
Еве неколку совети како да бидете оптимисти.
1. Ограничете ја негативноста. Ако сакате да дознаете за лошите работи кои ќе ви го нарушат расположението – пуштете вести. Ограничете го својот пристап со песимистите и лошите вести.
2. Смејте се! Можеби ви звучи банално, но смеењето го поттикнува оптимизмот. Влијае на вашата психа и на оние околу вас.
3. Верувајте во најдоброто! И кога е тешко секогаш верувајте дека ќе излезе подобриот крај. Никогаш не се откажувајте и верувајте дека се е можно.
4. Реагирајте конструктивно. Не дозволувајте да влијае туѓото расположение врз вас. Ако некој е невработен – расположете го! Потсетете го на сите негови победи и остварувања во животот. Сите имаме по некој успех кој не охрабрува.
5. Барајте светла точка. Оптимистите знаат дека во животот се поминува. “Утре е нов ден“ и “Сонцето пак ќе огрее“ се реченици кои навистина им значат на овие луѓе. Апсурдно е да мислите дека економската криза ќе трае засекогаш. Оптимистите не очајуваат во лоши ситуации, туку бараат решение.