Што треба да поседува дама?
Однесувај се како дама – секоја девојка го чула ова од мајка си или баба си барем еднаш во животот. Убавина, стил, грациозност, добра смисла за хумор...
...интелигенција и манири ви се потребни за да бидете вистинска дама.
На што треба да внимавате?
1. Водете грижа за рацете - нежни и средени секогаш, исто така и ноктите.
2. Здрава коса - уредно средена, исчешлана, користете квалитетни производи.
3. Убав тен - редовна посета на козметичар, и грижа за кожата на сонце и студ.
4. Здрави заби - миење на забите по секој оброк.
5. Уредна и чиста - испеглани алишта, парфем задолжително.
6. Шминка - не мора да е нападно, но да е сепак уредно нашминкано.
И уште нешто важно!
1. Изгледај како дама, размислувај како машко!
2. Бидете упорни во се што правите!
3. Оптимизам и самодоверба!
4. Внимателно бирајте што ќе кажете!
5. Скромноста е предност!
6. Хранете го својот ум со нови знаења!
7. Не губете ја главата за машко и не дозволувајте да ве нервираат!