Како да се ослободите од црвенилото, тресењето, плачењето и треперењето?

Тремата и емоциите воопшто, се големи проблеми кои предизвикуваат разни непријатни физички реакции.

4-najneprijatni-telesni-reakcii-i-nivni-resenija-01

Но, што ако ви кажеме дека имаме решение за тоа како да ги победите?

Ова се 4-те реакции и триковите како да ги надминете:

1. Црвенило

Кога црвенилото не е резултат на физички, туку емотивен стрес како нервоза, непријатна ситуација или страв, високиот налет на адреналин е виновникот за оваа телесна реакција. Испуштањето на овој хормон ја зголемува циркулацијата во телото, а таа го зголемува дотекувањето на крвта во вашето лице.

Во тој дел од телото се наоѓаат голем број мали крвни жили кои се наоѓаат во близина на површината на кожата и кои брзо се шират, па поради тоа циркулацијата на крвта е толку видлива – т.е. визуелно се манифестира во облик на црвенило.

Најбрзиот начин да ја спречите оваа непријатна појава е да ставите ладен облог на лицето. Меѓутоа, кога се црвенеете во јавност, немате можност да го направите тоа. Затоа, во таквиот случај најдобро е да испиете чаша ладна вода затоа што таа веднаш ќе ги поттикне крвните жили под кожата да се стеснат и да го застанат напредувањето на црвенилото.


2. Тремор (тресење на рацете)

Кога се наоѓаме во стресни ситуации, делот од мозокот кој реагира на тегоби и нервоза не може потполно да ја контролира стабилноста на нашето тело. Поради тоа, привремено ја губиме способноста за контрола над нашите раце и тогаш доаѓа до тремор т.е. тресење.

Ако сакате да го спречите треморот, тогаш спојте ги дланките, преплетете ги прстите од двете раце и силно стиснете ги дланките. Честопати, тресењето се јавува во стресни ситуации како разговор за работа или јавен настап на кој сакаме да оставиме впечаток на смирени и сигурни личности.

При тремор, треба да ги избегнувате лесните предмети како хартија кои јасно ќе покажат дека ви се тресат рацете. Најдобро ќе ви биде да стегнете некој цврст предмет како столот или било што друго.


3. Треперење на гласните жици

Нашите гласни жици се контролирани од „лутачкиот нерв“ (лат. nervus vagus). Тој е 10-тиот нерв на крајникот, еден од мноштвото нерви кои директно се поврзани со мозокот. Овој нерв е поврзан со амигдалата – т.е. делот од мозокот во кој позитивните и негативните емоции добиваат контекст и кој учествува во создавањето на нашите реакции на тие емоции.

Во тој момент, лутачкиот нерв се стимулира, а гласните жици и мускулите на вратот доживуваат грч кој резултира со вибрирање на гласот.

За да ја победите оваа непријатна појава, дишете длабоко, комплетно напнете го телото, задржете го здивот неколку секунди додека сте напнати и потоа испуштете го воздухот. Неколку пати повторете ја постапката и така ќе го намалите стресот и напнатоста во гласните жици поради која се појавува треперењето.


4. Спонтан плач

Во некои ситуации едноставно не сакаме да пуштиме ни солза. На пример, кога сме на работа, а поради насобраните емоции и стрес чувствуваме потреба за тој вид олеснување.

Кога ќе почувствувате дека брадата почнува да ви се тресе, а очите ви се полнат со солзи, штипнете го вишокот кожа кој се наоѓа меѓу палецот и показалецот. Со создавање чувство на физичка болка вие го пренасочувате мозокот и го оттргнувате вниманието од емоционалната болка.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
5 психолошки трикови што треба да ги знаете (и ќе ви го олеснат животот) Дали знаевте дека кога се ракувате, личноста што ја држи раката одгоре секогаш с...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...
Најопасните аеродроми во светот - Предизвик се и за најискусните пилоти Многу кратки писти, аеродроми сместени до плажи полни со туристи – дури и на нај...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Креативни начини како да ги искористите детските базени кои повеќе не ви се потребни Искористете ги старите детски базени и направете креветчиња за уживање, безбедно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg