Направете сами: Декоративна свеќа која ги брка комарците
Доколку и вие ги мразите комарците, тие уништувачи на вечерните летни забави кои претстојуваат, време е да научите како да се ослободите од истите, без да ги убиете.
Тоа ќе го направите со помош на свеќа која сами ќе ја изработите, а истата освен што ќе ги избрка комарците, исто така ќе претставува убав украс во вашата соба, двор или балкон за ова лето.
Сè што ви е потребно за да ја направите е етерично масло од цитрон кое може да го најдете во аптека, обична свеќа без мирис, украсна чаша, фитил, етерично масло од еукалиптус и чепкалки за заби.
Постапката е следна:
Едниот крај на фитилот го прицврстувате за дното на украсната чаша со лепило, а потоа на горниот крај го прицврстувате со чепкалки и лепило како на следната фотографија.
Во мало тенџерче ставете малку вода, а потоа ставете ја обичната свеќа и мешајте на средна температура сè додека не се стопи.
Откако ќе се стопи додајте 10-13 капки масло од цитрон и 5-8 капки еукалиптус, а потоа убаво измешајте и ставете ја смесата во украсната чаша.
Чашата оставете ја во ладилникот да се олади и вашата две во едно, декоративна свеќа против комарци е готова.
Нејзината тајна е во маслото од цитрон кое содржи цитрус кој не само што брка комарци туку и муви и пајаци исто така, а вас ви влијае пријатно врз расположението со својот слаткаст мирис.
Би можело да ве интересира:





