Како да го преболите губењето на пријателот?
Прекинот на дружење со пријателката од детството умее да биде потежок и потажен од прекинот на долгогодишната врска.
Никој не сака тоа да го признае но, нормално е да има тешко влијание на нас затоа што со таа личност сме минувале многу часови заедно и сме поминале многу среќни мигови.
Пријателствата најчесто пропаѓаат затоа што луѓето низ текот на годините се одалечуваат. Менувањето на карактерот и стилот на живеење влијаат на односот кој го имате со пријателката и доколку повеќе немате ништо заедничко голема е веројатноста дека дружењето ќе престане.
Пријателствата кои биле склопени во детството иако биле најискрени и најкавлитетни најтешко опстојуваат. Некои пријателства претрпуваат сериозни животни промени, од селење па се до целосно менување на карактерите, верувањата, ставовите и навиките и сето тоа се одразува на односот со другата личност.
Психолозите тврдат дека потребни ни се најмалку 6 дена за да го преболиме овој губиток и во тој период не би требало да се осамуваме и да се концентрираме само на губитокот. Изолацијата од другите луѓе во ниту еден случај не е добра, а таква е и ситуацијата со озборувањето. Лошите зборови за другата личност само ќе направат да се чувствуваме полошо и поосамено.
Постојат неколку совети кои се препорачуваат за подобро справување со губењето на најблиската пријателка.
1. Дајте си време
Ништо не минува брзо. Како што ви е тешко да го заборавите и да преминете преку бившиот, така е и со најдобрата пријателка која сте ја изгубиле. Дајте си време и издишка. Соочете се со гневот и тагата. Ослободете ги емоциите кои притајуваат. На тој начин ќе преминете преку губитокот.
2. Престанете да мислите на неа
Постојаното проверување на нејзиниот Фејсбук профил и распрашувањето по пријателките кои ви се заеднички нема да ви помогне во преболувањето. Само ќе ве полуди и ќе ви ја намали самодовербата. Можеби знаете зошто точно сте прекинале со дружењето и сте откриле за каква личност станува збор, а можеби и воопшто не сте сигурни како односот прекинал, но тоа веќе не е важно. Едноставно заборавете на негативноста.
3. Најдете си ново хоби
Колку и да се трудите да заборавите на ситуацијата таа успешно не ви излегува од главата. Доколку е таков случајот, а минало многу време откако сте престанале да се дружите, престанете со тагување и најдете си нова занимација.
4. Не ја избегнувајте
Доколку се сретнете на улица не значи дека треба да го вртите погледот или пак да преминете на расправање. Не се игнорирајте. Бидете учтиви и доколку не сте расположени држете се до краток разговор.
5. Не озборувајте
Ширењето на негативности нема да ви ја подобри ситуацијата. Тоа само дополнително ќе го разгорува гневот и ќе се вртите во магичен круг. Не ги заборавајте убавите мигови кои сте ги поминале и сфатете дека некои односи едноставно мора да завршат.