3 Одговори на прашањето: Дали среќата може да се купи со пари?
На прашањето: „Дали со парите може да се купи среќа?”, не постои единствен и универзален одговор, но затоа на овие 3 одговори можете да гледате како на насоки кои ќе ве водат низ животот.
Навистина е чудно колку малку ни е потребно да бидеме среќни, а уште почудно е колку често баш тоа малку ни недостига. Дали парите би ни помогнале?
1. Парите влијаат на чувството на среќа
Среќата која се раѓа како продукт на парите, односно материјалните работи може да се опише како краткотрајна. Генерално гледано, благодарение на парите ќе бидете задоволно од својот живот, полесно ќе се справувате со болките и неуспесите.
2. Ако со пари не може да се купи среќа, тогаш таа може да се привлече со пари
Иако сме свесни дека парите и среќата се во некој однос, не можеме да тврдиме дека се поврзани. Недостатокот на пари нè прави да се чувствуваме тажно, а тагата нè тера помалку да се трудиме околу материјалната состојба.
3. Можеме да контролираме колку парите влијаат на нашата среќа
Ќе бидете посреќни кога парите ќе ги трошите на други луѓе. Сепак, ќе бидете најсреќни ако наместо пари вложите време во односите со другите луѓе.