Почнете уште денес: Променете се и стекнете добри навики
Наутро тешко се будите? Не сакате да вежбате, а сепак имате вишок килограми? Тогаш потребна ви е промена и стекнување на добри навики...
Навиките можат да ви го отежнат животот, ако не верувате во тоа вечерва променете го креветот во кој спиете и ќе сфатите колку е тешко да се навикнеме на промени.
Како да се промениме и да стекнеме нови навики?
Промената е тешка, но е возможна со градење на нови навики кои се посилни од старите. Тоа се постигнува со повторување на новите избори и одлуки.
За обликување на нови навики потребни ви се 3 недели. Промената на навиките може да се однесува и на промените во меѓу човечките односи. Доколку цело време ги критикувате најблиските, потрудете се да создадете нови навики и да ги пофалувате. Започнете да донесувате позитивни морални одлуки и така ќе станете подобра личност.
Ако подолго време размислувате за вежбање, утре разбудете се половина час порано и започнете. Секако дека на почеток нема да биде лесно, но ако успеете да издржите 3 недели ќе стекнете добри навики и ќе станете подобра личност.
Би можело да ве интересира:





