17 работи што ги полудуваат луѓето кои се возат со автобус

Јавниот градски превоз е можеби најевтин, некогаш знае да биде и интересен, но многу често е иритантен. Тука може да видите секакви луѓе, да слушнете секакви разговори и да доживеете секакви ситуации.

17-raboti-sto-gi-poluduvaat-lugjeto-koi-se-vozat-so-avtobusi-01

Оние кои секојдневно се возат со автобус, сигурно ќе се пронајдат во повеќето ситуации.

1. Читање туѓи пораки

Скоро сите, поголемиот дел од времето во автобус го поминуваме гледајќи во мобилните телефони. Но, признајте колку пати досега сте забележале дека некој ѕирка во вашиот или некој туѓ телефон. Порано тоа се случуваше со весниците кои ги имаа купено само неколку луѓе, а сите околу нив ги читаа.


2. Вадење храна од забите со јазикот

Ако штотуку сте завршиле со јадење пред да влезете во автобус проверете дали сте завршиле со чистење на остатоците или воздржете се додека се симнете. Звуците од чепкањето со јазикот во забите се навистина непријатни.


3. Прво влез па излез

Можеби е попаметно да почекате да излезат патниците, па да имате повеќе простор да влезете, отколку сите истовремено да се туркате.


4. Чекање за излез

Нема потреба да се туркате 10 минути или 3 станици порано за излез. Просторот не е толку голем, а излезот не е далеку за да не стигнете да се симнете кога автобусот ќе се приближува на вашата станица.


5. Лична хигиена

Особено во летните денови, кога потта е позачестена, а некој не се ни измил, тоа е страшно. Не се потребни скапи парфеми и дезодоранси за да бидете барем чисти. Доволни се сапун и вода или влажни марамчиња.


6. Музика од мобилен за цел автобус

Многу често не ни се допаѓа ниту некоја турбофолк станица пуштена на звучниците во автобусот, но не можете да се расправате со возачот кој цел ден го вози автобусот. За тоа треба посебен закон и наредба. За разлика од тоа, поиритантни се сите оние т.н. фраери кои мислат дека којзнае каков хит слушаат, а тој им се допаѓа само ним, па решаваат да го пуштат гласно на мобилниот за сите да слушнат. Од каде тоа поголемо право од останатите?

betty-white-angry.gif

7. Напорни баби

Познато е дека ако влезе повозрасна личност во автобусот треба да го отстапите своето место, но понекогаш и вие сте уморни, а баш тогаш доаѓа баба што нема ни да ве замоли да станете, туку веднаш почнува да вика и да ве напаѓа, што посакувате да се симнете и пеш да си одите.


8. Турканица

Сите некаде се брзаме, но ако се туркате на влезот, може само да настане мешаница, во која многу подоцна ќе излезете.


9. Контрола во автобус

Кој има кој нема карта и наеднаш настанува драма. Вие и покрај тоа што имате карта нема да стигнете на време затоа што автобусот никаде не оди додека тој еден човек без карта не заврши со расправијата и не се симне од автобусот.

17-raboti-sto-gi-poluduvaat-lugjeto-koi-se-vozat-so-avtobusi-5.jpg

10. Резервирано место

Вие нема каде да седнете, а некој чува место за пријателот што треба да се качи после 2 станици. Или вие не можете да стигнете на излезот, затоа што некој постојано е залепен на вратата и мислите дека секој момент ќе се симне, а него само го мрзи да се помести.


11. Деца со ранци

Внатре страшна гужва, а деца со ранци полни книги зафаќаат место како за двајца.


12. Упорност за влез

Автобусот едвај ги отвора вратите, никој не се симнува, а некој однадвор како за инат упорен е да влезе, па макар и да не можат да се затворат вратите.


13. Јадење во автобус

Доволно мириса и само да се внесе сендвичот, а не уште и да почне некој да јаде и да се измеша мирисот на плескавица, кечап и мајонез со сите останати мириси кои се шират од кесите полни со кромид, лук или потта, нечиј здив после неколку чашки ракија или штотуку испушена цигара. Ужасно!

giphy.gif

14. Во четири очи

Крајно непријатно е ако сте седнале на она место каде што има 4 столчиња едни спроти други и некој од другата страна не го трга погледот од вас.


15. Досади

Сигурно ви се случило да седнете до некој што едвај чека да види или слушне нешто и да почне да коментира и да ви објаснува за нешто што воопшто не ве интересира. На вас останува да молчите и кимате или да си станете.


16. Мегафон – разговор

Најчесто се случува кога некој заборава дека е на јавно место, па мисли дека е седнат на кафе со пријателот и си разговараат гласно како нивните проблеми да се најважни на светот. Уште пострашно е кога се слушаат озборувања. Истото е и кога некој гласно зборува на телефон.


17. Мистериозни гасови

Во цела гужва кога нема каде да избегате, некој уште испушта некаков гас, не знаете од кого е, а и немате што да нправите, освен да го покриете носот и да се молите побрзо да стигне вашата станица.

Имате уште нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg