Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ти треба причина за да бидеш благодарен што си жив? Провери си го само пулсот...

Соништата останале само соништа, надежите умреле, желбите исчезнале, успехот се уште го нема, а ти се прашуваш за што живееш.

ti-treba-pricina-za-da-bides-blagodaren-sto-si-ziv-proveri-si-go-samo-pulsot-1

Зарем постои нешто што би те направило благодарен за тоа што се будиш секое утро со срце кое сè уште чука, аура која сè уште свети и душа која сè уште се надева на возвишение.

Се прашуваш, зарем има нешто што би те натерало да се заблагодариш зошто сè уште живееш?

Одговорот ќе биде секогаш позитивен, сè додека имаш очи да го прочиташ, срце да го искрепиш, уши да го слушнеш, храброст за да го прифатиш.

Секако дека има причина за благодарност што си го преживеал и овој ден. Tаа причина е твојот пулс кој сè уште пулсира во твоите вени, удира во твоите слепочници и те одржува жив.

Затоа наредниот пат кога ќе се запрашаш која е твојата причина за да бидеш благодарност што си жив само провери си го пулсот, чисто онака...

И запомни соништата ќе се остварат, надежите ќе се исполнат, желбите ќе сеостварат, а тогаш твојот пулс ќе те потсети на сите овие причини за кои ќе треба да се заблагодариш што си жив.

Најважен е пулсот не заборавај...

Д.М | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg