Не можеш да го победиш непријателот ако е во твојата глава
Животот е војна која треба да се освои, но често луѓето погрешно војуваат за да ја добијат. Некои се борат со своите непријатели, други со своите пријатели, трети со своето семејство, четврти со љубовта...
Јас се борам со мислите, тоа е мојата грешка, се борам против чувствата, нешто што никогаш не се победува колку и да војуваме.
Сигурно постојат луѓе кои истото го прават, се борат со непријателот во својата глава, а тој не може да се победи бидејќи едноставно не се бори за победа.
Се бори за нас, а ние одиме против!
Знаете ли зошто е тоа така? Бидејќи луѓето често кријат што чувствуваат, лажираат емоции кои не постојат, измислуваат љубов каде што ја нема, повредуваат каде што треба да излечат и сечат каде што треба да заврзат јазол.
А мислите сето тоа го знаат, во суштина тие знаат сè, исто како и срцето, затоа треба да престанеме да војуваме со нив и да им ја предадеме битката на нашиот живот во нивни раце.
Иако знаеме дека тие добро ќе ја чуваат, што да правиме кога емоциите не дозволуваат да се предадеме, гордоста не попушта, рамнодушноста наседнува на местото на реалноста и ни ги поматува очите?
Во тие моменти треба да им се придружиме на мислите, како вeлат, кога не можеш да ги победеш, придружи им се!
Заедно со мислите можеме да го освоиме светот, заедно со инстинктот можеме да ги изразиме чувствата таму каде што треба без да бидат искористени, заедно со чувствата може да бидеме човек меѓу луѓето, редок овие денови.
Кога мислиш дека треба да правиш добро, прави добро, кога мислиш дека нешто треба да се поправи, одамна било расипано.
Кога мсилиш дека некој ти прави лице, има десет лица, кога сакаш некого, признај си себеси, срцето веќе го знае тоа, кога мислиш дека некој те изневерува, досега десет пати го направил тоа, верувај...
Бидејќи мислите никогаш не грешат и се непријатели само доколку ги гледаш како такви.
Во спротивно тие војуваат само за твое добро и сакаат да ти помогнат да го победиш животот.
Затоа, никогаш не обидувај се да го победиш „непријателот" во главата, невозможно е, наместо тоа придружи му се, бидејќи два војника војуваат подобро од еден!