6 Знаци кои покажуваат дека сте под голем стрес
Модерното време ни носи огромен број обврски, кои мора да се завршат за толку малку време, а тоа ни создава голем стрес кој негативно се одразува на нашето здравје.
Доколку препознаете кај себе некои од овие знаци, тогаш забавете и ослободете се од стресот:
1. Сакате да останете во кревет засекогаш
Сите понекогаш сме соочени со такви утра, кога не сакаме да го напуштиме креветот. Но, ако кај вас тоа се случува често, тогаш причина за тоа може да е стресот.
2. Лошо спиете
Можеби вие си легнувате на време, но целата ноќ ви поминува во размислување. Време е да го ослободите малку вашиот распоред.
3. Болести и настинки
Кога сте под стрес, вашиот имунолошки систем станува послаб, па големи се шансите за да ве фати настинка и да се чувствувате лошо.
4. Очајни сте
Ако во последно време плачете дури и за најмала ситница и сте премногу чувствителни, тогаш сте под голем стрес. Стресот е тој што ве тера да чувствувате одбивност кон работи на кои и воопшто не сте обрнувале внимание.
5. Заборавате
Го заборавате мобилниот? Не знаете каде ви се клучевите од автомобилот? Ако цело време ви се случува да заборавате работи, тогаш тоа е резултат на стресот.
6. Недостаток на сексуална желба
Иако не е чест случај, сепак некои луѓе чувствуваат и недостаток на желба за секс, а тоа е заради секојдневните грижи и обврски. Но, запомнете дека токму таква активност може да ви помогне да се ослободите од стресот.