Без музика, светот би бил само една гласна тишина!

Ја сакам музиката претерано, таа е моја страст уште како мало дете, но за да си докажам дека не можам без неа, направив еден мал експеримент.

bez-muzika-svetot-bi-bil-samo-edna-glasna-tisina-1

Синоќа заспав без музика, а секогаш заспивам со слушалките во уши или тивка музика во позадина која или ме успива побрзо или ме држи буден подолго, дружејќи се со мојата несоница.

Во секој случај, ја обожавам бидејќи секогаш е тука за мене, да ме теши во тешките и да ме крева уште повеќе во среќните, возбудливи моменти.

Исто така се разбудив без музика, а обично откако ќе се разбудам веднаш посегнувам по лаптопот или телефонот и си пуштам тивко музиче, онлајн радио не е исклучок.

Но, ова утро не направив ништо од тоа што го правам обично поврзано со музиката.

На почетокот од денот се чувствував добро, малку необично, но како што денот изминуваше станував сè подепресивен.

Можеби тоа беше така бидејќи си мислев потсвесно дека без музика ќе се случи тоа што се случи, но како и да е, важно се случи.

Ми недостигаше музиката, сè беше пусто без неа, тишината викаше толку гласно што не можев да ја трпам повеќе.

Ме оглуви без глас, но одлучив да издржам до крајот на денот. Не знам дали беше ден или само преживување, бидејќи така го чувствував без музика.

Дојде време за повторно да си легнам, но никако не можев да заспијам, се чувствував немирно во таа слепа темница и глува, гласна тишина во мојата соба.

Посегнав по телефонот и ја отворив плеј листата со музика, одбрав песна по случаен избор и ја пуштив да свири.

Светот како од депресивен веднаш да се претвори во среќно место за живеење, несоницата полека ме напушташе, додека мелодиите неспрекинато ме дружеа на перницата.

Тогаш сфатив, дека јас не можам да живеам без музика, тогаш сфатив дека музиката за мене е како љубов, а таа беше љубовта на мојот живот.

Сфатив дека таа е како воздух, а без воздух не се живее!

Сфатив дека без музика, светот би бил само една гласна тишина!

Дали вие може да издржите макар еден ден без музика?

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg