Работи во животот кои никогаш не излегуваат според планираното
Колку и да се трудиме да направиме сè според некој план, секогаш излегува спротивно од планираното, како некој непишан закон во животот кој без да сакаме го почитуваме.
Ова се дел од работите кои никогаш не излегуваат според планираното колку и да го посакуваме тоа.
- Желбата партнерот кој сме го сакале повеќе од претходните да е оној вистинскиот.
- Повисока оценка од добриот професор на училиште/ факултет.
- Сите колеги на работното место да се добри, колегијални и пријатни .
- Пониско бројче на вагата после празниците.
- Видливи резултати од вежбање во теретана после само еден месец.
- Чувство на наспаност наутро после легнување доцна навечер.
- Пиење сок кога сте излезени во сабота навечер во ноќен клуб.
- Чувство на трезност после петтата чаша алкохол.
- Оставање на цигарите, лесно и без мака.
- Искреност и вистинско пријателство од друштвото.
- Да нема гужва кога се брзате на шалтер или во маркет.
- Бавно изминување на времето кога се брзате.
- Партнерот да ви го погоди роденденскиот подарок.
- Да немате воопто трема кога одржувате говор пред други луѓе.
- Исполнување на сите секс фантазии со сегашниот партнер.
- Безгрижно патување низ светот, со мапа, без прашување за правец.
- Добивање на посакуваната нова фризура после шишање кај фризерот.
- Точно изработена шарка или нијанса на маникирот кој сме ја посакувале.
- Перфектно шминкање на очите при првиот обид.
- Познати прашања на тест/ испит кога го знаеме целиот материјал.
- Станување порано наутро, нова навика која сакаме да ја стекнеме лесно со аларм.
- Пиење повеќе вода во текот на денот.
- Неизневерување од страна на партнерот, пријателот или било која друга личност во која веруваме безрезервно.
- Замислениот стајлинг за наредното утро/ ден/ вечер.
- Замислениот стајлинг кој вклучува мини здолниште или кошула без палто кога е ладно, а ние сме мислеле дека ќе биде потопло.
- Слушање на омилената песна одново и одново без да ни досади.
- Добар шеф на работа кој ќе биде коректен и нема да нè омаловажува.
- Нeзаљубување од страна на најдобриот пријател од спротивниот пол со кој се гледаме секој ден.
- Пронаоѓање на сродната душа пред да се разочараме во љубовта.
- Брзо изминување на времето на работното место.
- Успешно учење на цел материјал ноќта пред тестот/ испитот.
- Препишување на тестот/ испитот кај најдобрата професорка што нè фаворизира.
- Планот за изразување на чувства и прегрнување со родителите секој ден.
- Иселување од семејниот дом после полнолетство.
- Наоѓање добра работа после завршување на образованието.
- Перфектно работење на компјутерот кога работиме на важен проект, никако не доаѓа во предвид да снема струја.
- Кога стигнуваме порано 15 минути на договореното место, другиот секогаш доаѓа навреме, никако 15 минути подоцна.
- Убивање на страв од темница, животно, височина и што уште не со еднократно соочување со истите.
- Лесно иселување од државата кога ќе имаме доволно пари, желба и добар план.
- Очекувањето дека животот ќе биде совршен и без проблеми еден ден.
Што не ви оди вас според планот?
Би можело да ве интересира:





