Најфлексибилната жена во светот може да се превитка на половина и да ја собере во фрижидер
Јулија Гунтел, позната како Злата е најфлексибилната жена во светот. Има 31 година, родена е во Казахстан, но поголемиот дел од животот го поминува во Германија.
Уште на 4 години нејзината професорка по гимнастика забележала колку е флексибилна, а на 8 години се пријавила во училиште за циркуски акробати. Веќе на 10 години почнала професионално да настапува како акробат.
На Discovery каналот има посебна емисија која се занимава со градбата, специфичноста и можностите на нејзиното тело.
Според она што го имаат откриено научниците кои го проучувале нејзиното тело и виделе снимки од магнетна резонанца, таа има `рскавичен рбет и коски како бебињата, што не е вообичаено за возрасни луѓе.
Поради тоа делува како телото да ѝ е од гума и може да изведува најразлични движења.
Таа изведува уметнички перформанси, позира, глуми и настапува секаде каде што има што да покаже.
Има срушено 3 Гинисови рекорди, а нејзина цел е да ја збогати својата актерска кариера и се надева дека ќе добие можност за снимање на повеќе филмски сцени во кои ќе ги покаже своите способности.
Погледнете што сè може да направи со своето тело: