Ви се верува дека оваа жена е во седмата деценија од животот?
Тоа што Кристи Бринкли е поранешна американска манекенка, која има 61 година, а изгледа барем 20 години помладо многумина ги заинтригира да откријат која е нејзината тајна.
Таа несебично споделува дека најзаслужна за нејзиниот изглед е балансираната храна. Кристи е веган, но не е премногу строга кон себе. Одвреме-навреме знае да се почести и со порција шпагети или парче сирење.
Секој ден го почнува со чаша топла вода и лимонов сок. Во некои денови знае да се разгали и да ужива во посебен пијалак од мед, луто пиперче, лимон и топла вода.
По овој пијалак, Кристи ужива во омиленото кафе со додаток на крем од лешник. Утринскиот ритуал го продолжува со нега на лицето. Никогаш не ја заборава дневната крема која ја смета за основа и подготовка на сè што ја чека.
Открива дека во младоста често била жртва на многу неуспешни диети, но тие ја научиле дека единствено решение за добриот изглед е ефикасно избалансираната исхрана.
До ден денес, без разлика на годините, таа не дозволува времето да ја победи и смета дека ако секој си посвети време за нега на себе ќе изгледа добро и среќно.