8 правила за позитивен почеток на денот

Овие 8 правила за позитивен почеток кажувајте си ги секое утро откако ќе ги отворите очите, додека сте сè уште стоплени под ќебето и верувајте дека тие ќе започнат да се одразуваат врз вашиот живот.

8-pravila-za-pozitiven-pocetok-na-denot-1

 За почеток доволно е само да си ги кажувате на глас, а понатаму вашата психа сама ќе започне и да ги почитува.

1. Се разбудив полн со енергија, возбудa и среќа, сигурно денот ќе ми биде енергичен, возбудлив и среќен.

2. Се чувствувам здраво и силно!

3. Денес ќе го напишам најинтересното поглавје во мојата книга наречена живот.

4. Денес ќе се соочам со секој предизвик кој ќе ми се најде на патот, се чувствувам непобедливо.

5. Јас сум слободна личност која не мрази никого, туку имам љубов и прошка за секого бидејќи заслужувам мир кој ќе ми даде мир во душата.

6. Верувам дека ќе ги направам сите правилни одлуки денес.

7. Денес ќе насмевнам некого, а ако нема никого покрај мене, доволно ќе биде да ја насмевнам личноста во огледало, сигурно ќе ми возврати со насмевка.

8. Го добиваме она што го привлекуваме, затоа со позитивна мисла денес ќе добијам сè што сакам!

Запишете ги на стикери и залепете ги до вашиот кревет за да може да ги читате секое утро и запомнете ја старата изрека дека по утрото денот се познава.

Вашите наредни денови ќе бидат одлични, само ако верувате во тоа и ги почитувате правилата!

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg